Ако сте нерасположени од која било причина, ви нудиме едно видео кое целосно ќе ви го разубави денот. Видеото станало вирално, а во него еден дедо му ја пее песната „Каков прекрасен свет“ (What a Wonderful World) на својот внук, кој има Даунов синдром. Човекот приредил прекрасна изведба за роденденот на малото момче.
Видеото трае 1 минута, а на него може да се види како дедото ја пее прекрасната песна додека неговиот внук Џозеф му седи в скут. Начинот на кој ја изведува песната ќе ви го стопи срцето и ќе ве трогне.
– Дедо му ја пее „Каков прекрасен свет“ на својот внук Џозеф, кој има Даунов синдром. Прекрасен роденденски подарок – гласи описот на објавата.
„Толку е трогателно кога тоа дете ќе ја стави главата на градите на својот дедо. Ништо не може да го надмине тој момент“, напишал еден корисник.
Grandfather sings ‘What A Wonderful World’ to his grandson, Joseph, who has down syndrome. A lovely birthday gift!??❤️?❤️?? HAPPY BIRTHDAY ???. (?:mysticalmeghan).
— GoodNewsCorrespondent (@GoodNewsCorres1) April 5, 2022
pic.twitter.com/No4DbbjXoe
Автор: Шуби Мишра
912