Воспитување

Препознајте ја вистинската дадилка

Ако наскоро треба да се вратите на вообичаените работни обврски, сигурно сте во дилема на кого да ги оставите децата.
Дали личноста што ќе ги чува навистина ќе им посвети доволно внимание?
Дали ќе ги нахрани точно во 12 или, пак, нејзините потреби ќе ѝ бидат приоритет?

Ова се дел од прашањата што си ги поставува секој родител кога се одвојува од своето дете. И сосема сте во право доколку ве мачат вакви мисли. Одлучивте да го заобиколите ангажирањето на баба и дедо, па единствено решение ви е дадилка.
Еден куп реклами во печатот, препораките од пријателките може да бидат многу исцрпувачки, па на крај ја одбирате личноста што ви била најсимпатична.
Но, тоа понекогаш може да биде лажен впечаток. За да избегнете постојана грижа на совеста, ви посочуваме неколку работи на кои мора да внимавате:

1. Квалификации

Кога дадилката ќе дојде на разговор, треба да обрнете внимание на нејзините квалификации и искуството на работата со деца. Тоа што остава впечаток на благородна и добра личност не значи дека е компетентна.

2. Поставете прашања за нејзините интереси и начинот на живеење

Ова е важна ставка што не треба да ја игнорирате. Доколку ви изгледа незаинтересирано и цело време повторува: „Ќе ни биде лесно, сè ми е јасно“, може да станува збор за незаинтересирана личност или, пак, личност која од лудиот ноќен живот целосно заборавила на обврските што сте ѝ ги напоменале.

3. Нека биде на пробна работа неколку дена

Иако за соговорникот многу брзо стекнуваме впечаток, вистинскиот параметар ќе биде начинот на кој остварува комуникација со детето.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top