Истражувањата покажуваат дека сè помалку деца се занимаваат со спорт, што има сериозни последици врз нивното здравје и развој. Но, дали секој спорт е соодветен за секоја возраст?

Значењето на спортот во детството

Умерената физичка активност е клучна за правилен раст и развој на децата. Таа придонесува за:

  • Развој на коскено-мускулниот систем и спречување деформитети;
  • Подобра физичка кондиција, сила и издржливост;
  • Јакнење на имунитетот и превенција од хронични болести;
  • Намалување на стресот и зголемување на самодовербата;

Колку физичка активност им е потребна на децата?

Според Светската здравствена организација (СЗО), децата треба да имаат најмалку 60 минути умерена до интензивна физичка активност дневно.

Но, денес има деца што воопшто не се физички активни и се соочуваат со прекумерна телесна тежина и деца кои се претренирани со напорни тренинзи и се изложени на чест ризик од повреди.

Како да се избере соодветен спорт според возраста?

2-5 години

Во овој период моторните способности сè уште се развиваат, па најдобро е детето да учествува во активности преку игра.

Препорачани активности: трчање, превртување, фаќање топка, возење трицикл.

6-9 години

Децата почнуваат да имаат подобра координација и рамнотежа, па може да учат почетни спортски вештини.

Препорачани спортови: пливање, гимнастика, фудбал, танц, велосипедизам, борачки спортови без контакт.

10-12 години

Ова е идеален период за воведување тактика и стратегија во спортот.
Препорачани спортови: сите претходни + кошарка, хокеј, фудбал.

13-15 години

Со зголемувањето на мускулната маса, децата можат да се насочат кон поспецијализирани спортови.

Препорачани спортови: сите претходни + атлетика, гимнастика, тенис.

16-18 години

Децата веќе имаат доволно физичка и ментална зрелост за да изберат спорт според нивните лични интереси.

Како да препознаете дека спортот е премногу напорен за вашето дете?

Ако детето покажува симптоми како:

  • Честа раздразливост и замор;
  • Лоша концентрација и пад во училишниот успех;
  • Чести повреди и инфекции;
  • Брзо исцрпување по тренинг;

Ако детето ги има овие симптоми, тогаш е време за промена на интензитетот или типот на спорт.

Извор



912

X