Ракот на дојката е најчестиот малигнен тумор кај жените и е трета најчеста причина за смрт меѓу сите тумори. Токму во овие факти ја гледаме важноста од навремена дијагноза и третман.

Испитувањето на дојките, во зависност од возраста и индикации, вклучува:

  • Самопреглед на дојка;
  • Клинички (медицински) преглед на дојка;
  • Ултразвук (ехо) на дојка;
  • Мамографија

Препораки за тоа кога и која дијагностичка метода треба да се спроведе со цел навремено откривање на ракот во рана фаза кога резултатите од лекувањето се најефективни:

  • Самопреглед на дојка – еднаш месечно;
  • По 35-годишна возраст – клинички (медицински) преглед на дојка еднаш годишно;
  • Ултразвукот на дојките е метод на избор за помлади жени (до 40 години).

Препораки за мамографија:

  • На возраст од 38 до 40 години – основна мамографија;
  • На возраст од 40 до 50 години – еднаш годишно или на секои 2 години;
  • На возраст од 50 до 69 години – еднаш годишно;
  • Од 70-годишна возраст – еднаш годишно или на секои 2 години.

Кај жени под 40 години мамографијата се прави по потреба и со претходна консултација со лекар специјализиран за болести на дојката.

Препораки за ултразвучен преглед на дојка:

  • До 40-годишна возраст – еднаш годишно;
  • На возраст од 40 до 69 години – еднаш годишно со мамографија;
  • Од 70 годишна возраст – по потреба.

Препораки за следење на жените со зголемен ризик од развој на рак на дојка:

  • На 35 години – основна мамографија;
  • На возраст од 35 до 40 години – клинички преглед + ултразвук еднаш годишно и мамографија еднаш на две години;
  • На возраст од 40 до 50 години – мамографија + клинички преглед + ултразвук еднаш годишно;
  • Од 50-годишна возраст – мамографија еднаш годишно, контроли по потреба и препорачани од тимот за болести на дојка или специјалист, ултразвук по потреба.

Извор



912

X