За децата, играчките може да бидат одлични алатки за учење. Тие се важен дел од нивниот развој бидејќи со нив ги градат просторните, моторните и социјалните вештини. Истражувања покажуваат дека Американците имаат повеќе од 100 играчки за децата.

Социјалните научници од Универзитетот во Толедо ги проучувале и ги анализирале малите деца. Во некои сесии децата имале четири играчки за играње, а во други имале 16. Кога децата имале само четири играчки, нивните интеракции биле речиси двојно подолги. Ова укажува дека децата имале време за квалитетна игра, што значи дека ја користеле играчката на различни начини што се корисни за развојот.

– Како што стануваат постари, го градат тоа во подолг временски распон, имаат подобри способности за решавање на проблемите и упорност со задачите што можат да бидат предизвикувачки или фрустрирачки – вели Алексија Мец, професионален терапевт на Универзитетот во Толедо.

Таа вели дека помалиот број играчки може да го ограничи одвлекувањето на вниманието. Затоа, добра идеја би била да отстраните неколку играчки од собата на вашето дете.



912

X