Игротека

Преку содржини од „Бибиверзум“, видео за азбуката и игри првачињата од „Наум Наумовски Борче“ учеа за македонскиот јазик

Во Основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Маџари неодамна беше организиран свечен настан за првачињата, кои се на самиот почеток на писменоста. На настанот присуствуваше м-р Златица Апостолов, едукатор во „Бибиверзум“ – „Светот на Биби“. Таа на интерактивен начин им покажа на најмалите ученици како се развива љубовта кон буквите и читањето.

Првачињата преку интересни содржини од „Бибиверзум“ имаа можност да следат видео за азбуката, да играат анимирани игри со буквите, да погодуваат и дополнуваат букви и зборови што недостигаа.

Преку играта „Што сум јас“ опишуваа и објаснуваа поими. Интерпретираа текст од „Букварот на Биби“, а потоа броеја зборови во речениците. Часот беше интегриран и во него беа испреплетени содржини од македонски јазик, математика и музика. На крајот првачињата играа на кореографии на песнички, а потоа им беа поделени балони на кои требаше да ги запишат првите букви од нивното име.

Фото: приватна архива

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top