Видео од мало девојче кое е вистинска поголема сестра за нејзиното братче стана вирално на „Тик-ток“. Љубовта на братот и сестрата ги стопли срцата на сите интернет-корисници.
Обично родителите се грижат за тоа како ќе реагираат постарите братчиња или сестричиња на новото бебе, но се чини дека ова семејство нема за што да се грижи.