Откако еден татко сподели фотографија за поддршка на неговата сопруга како се гушка со нивните деца, луѓето почувствуваа потреба да коментираат и да го кажат своето мислење за спиењето заедно со децата.
Фејсбук-објавата на Дејвид Бринкли од Оклахома, во која ѝ оддаде почит на сопругата, брзо наиде на осуда од сите страни.
Симпатичната фотографија од неговата сопруга Алора и нивните деца беше искрена и реална. Таа ја покажува мајката како се гушка во ист кревет со децата. Бринкли покрај фотографијата напиша: „Мојата сопруга е тип на жена која ти е најдобра пријателка.“
Потоа продолжи да раскажува како една пријателка ја прашала Алора дали ја мрази нејзиниот сопруг кога таа спие со децата, додавајќи ја оваа страсна изјава:
– Не мразам ниту еден дел од она што ја прави мојата сопруга мајка каква што е. Никогаш не би деградирал или занемарил нешто што таа сака да го прави со нашите деца. Дали понекогаш треба да се стиснам во мал агол од креветот? Да, но Боже мој, колку е убаво да ја гледам како ги држи моите деца. Поради тоа, тие се чувствуваат сакани и безбедни. Работата е во тоа што нашите жени имаат само кратка шанса да ги доживеат тие мали моменти на мајчинството. Тие ги носат нашите бебиња, ги раѓаат, ги негуваат и можеби додека се мали ги пуштаат да лазат во нашите кревети и да се гушкаат. Сепак, на крајот нашите бебиња растат и стануваат „премногу кул“ за гушкање, па зошто ние би сакале да им украдеме една секунда од тоа време? Мајчинството е дел од нивниот идентитет и што значи да се откажат година или три во споредба со децениите од животот што ги поминуваме заедно? – напиша тој.
Иако зборовите на овој татко беа со цел да ја прослават неговата сопруга, за жал, набрзо следуваа негативни коментари.
„Опасно е за детето. Децата треба да спијат сами, на грб, во креветче.“
„Како можете да се прилепите за вашиот сопруг или да бидете интимни со него ако детето постојано спие со вас? Грижата за бракот е исто така многу важна. Балансирајте го вашиот живот.“
„Ми се допаѓа што ги сакате децата и сопругата, и јасно е дека тоа е така. Но, јас работам во социјалната служба во единица која се занимава со смртност на деца и многу е опасно да се спие со бебиња од една година и помали. Практикувајте безбеден сон.“
Важно е да се напомене дека повеќето коментари беа полни со пофални зборови. Многу луѓе признаа дека заедничкото спиење често се практикува и во нивните домови.
На крајот, без разлика дали се согласувате со практиката на Бринкли или не, убедувањата треба да завршат бидејќи и онака не ги знаеме точните околности на оваа фотографија. Дали мајката навистина спиеше или можеби ги затвори очите за момент? И, не заборавајте, таткото е буден во собата. Но, дури и да не е, има ли исцрпена мајка која не се нашла во таа ситуација, планирана или непланирана?
– Предностите и недостатоците на заедничкото спиење не требаше да бидат во фокусот на објавата на мојот сопруг, туку изразот на љубов и поддршка за мене! – коментира Алора.