Воспитување

Прекрасна глетка: Камера снимила што прават близначки пред спиење

Лорен Берти често споделува видеа од нејзините близначки Шајло и Евер-Грејс како играат заедно. Кога е време за спиење, таа ги става во посебни креветчиња, а потоа излегува од собата и ја затвора вратата. Но, со помош на камерата која ги снимала, сфатила дека девојките сепак продолжиле да се дружат.

Пред спиење сестрите нежно се галат и се бакнуваат, па дури потоа лежат. „Многу луѓе ме прашаа зошто ги ставам во посебни креветчиња“, признала Лорен и открила зошто донела таква одлука.

„Да, тие се сакаат, но и се караат. Имаше моменти кога се влечеа за коса и се касаа. Односот меѓу браќата и сестрите е топол и студен, а тоа важи и за нив две. Сега кога се разделени, се обожаваат. Порано не беше така“, објаснила мајката.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top