Игротека

Прекрасен гест – професор поставил креветче за бебе во својата лабораторија

Д-р Трој Литлтон, професор по невронаука на МИТ, Масачусетс, објавил фотографија од креветче за бебе поставено на неговото работно место. Фотографијата ја објавил на „Твитер“.

На објавата напишал: „Мојата нова омилена алатка во лабораторијата. Преносното креветче го набавив за мојата студентка да може да доаѓа со 9-месечната ќерка кога тоа ѝ е потребно, а јас можам да си играм со неа, додека студентката не заврши со работата. Вин-вин“.

Откако ја објавил фотографијата, добил голем број коментари, над 117.300 допаѓања и над 9.500 ретвитови. „Каков ентузијазам!“, „Ви благодариме што го нормализирате мајчинството во академски услови“, се нижат коментарите.

По два дена откако ја објавил фотографијата, тој се огласил уште еднаш преку социјалната мрежа. „Тој малечок твит имаше голем ефект? Сакам само индивидуите да го согледаат вистинскиот херој во оваа приказна. Тоа е студентката мајка, а не јас. Секоја работа што треба да ја прави со својата ќерка е прекрасна и таа продолжува со работата на својата теза“, напишал тој.

Литлтон води лабораторија за анализи на МИТ, изјавил дека креветчето е за неговата студентка Карен Канингам и нејзината малечка ќерка Кејти. „Ова беше како награда за Карен. Тоа е постојан проблем, да се биде родител додека се уште посетувате студии. Па што и да треба студентите да прават во лабораторијата, ние сме тука за помош“, рекол тој. „Драго ми е што сето ова имаше голем ефект, со оглед на тоа дека се соочуваме со тие предизвици во академскиот свет а и на пошироко ниво“, додал професорот.

Канингам истакнала дека Кејти ќе започне да оди во градинка на есен, но до тогаш, сопругот ќе се грижи за неа, а креветчето на универзитетот, ќе биде секогаш од помош, кога тоа ќе им биде потребно. „6 до 8 часа фокусирана работа е потребна, за која не е пожелно да носите дете со себе, но кога вака има лабораторија која ви е достапна и кога има достапно место за детето, тогаш тоа е навистина од помош. Можам да ја ставам Кејти во креветчето и да сработам она што ми е потребно, па во секој момент да ја гледам и да и зборува, а таа дури и заспива. Прекрасно е“, рекла Карен.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top