Бременоста е возбудливо време – но може да биде и вознемирувачко, особено ако сте како повеќето жени и моментално работите надвор од вашиот дом. Иако се чини дека вашите соработници топло ќе ги прифатат вашите среќни вести, тажната вистина е дека многу жени се третирани неправедно или добиваат отказ откако ќе ги споделат своите планови за бременост, велат федералните експерти од САД.
Ако работите во компанија или организација со 15 или повеќе вработени, имате заштита за вашата работа според Законот за дискриминација при бременост. И според Законот за семејно и медицинско отсуство, може да земете до 12 недели неплатено отсуство ако работите во фирма со 50 или повеќе вработени.
Повеќе од 80% од мајките се враќаат на работа во рок од 12 недели по породувањето, според Одделот за труд. Сепак, повеќето експерти за вработување им препорачуваат на жените да ги преземат следните активности пред да објават бременост или да преговараат како секое отсуство може да биде структурирано со работодавецот:
-Треба да знаете на што имате право: Прегледајте го прирачникот за вработените и другите документи за човечки ресурси поврзани со семејно или медицинско отсуство или слободно време.
-Одредете колку време ќе ви треба: побарајте што е можно подолго отсуство, знаејќи дека тоа ќе биде бонус за вашите колеги ако постепено се вратите на полно работно време или дури и предвреме го завршите отсуството.
-Научете што направиле другите: Ова ќе ви помогне да процените што било успешно досега во вашата организација.
-Истражете ги алтернативите: Дали сте подготвени да работите со скратено работно време? Дали сте достапни за состаноци или телефонски повици? Дали постојат околности каде што можете да работите од дома?
-Бидете флексибилни: бидете спремни да бидете „студија на случај“ за алтернативни опции за отсуство што може да ги предложи вашиот работодавец – успешен одмор е оној што функционира и за вас и за вашето семејство и за вашиот работодавец.
Планови за периодот по породувањето

Благодарение на неодамнешните промени во федералните закони, жените во САД можат да продолжат да му ги обезбедуваат на бебето важните придобивки од мајчиното млеко преку молзење откако ќе се вратат на работа. Може од работодавецот да побараат да обезбеди време и место за да го испумпуваат мајчиното млеко.
-Планирањето за измолзување треба да започне пред породувањето и тоа да му се каже на работодавецот.
-Другите вработени мајки може да споделат искуство што им помогнало во врска со пумпањето и складирањето на млекото.
Сите мајки би требало да ги проверат законите во местото на живеење, со цел да ги искористат придобивките што им следуваат, се разбира, доколку ги има.
Автор: Елизабет Џордан