Сè повеќе жени одлучуваат да се реализираат како мајки подоцна, а додека некои го гледаат тоа како предизвик, научниците истакнуваат дека децата родени од мајки над 40 години имаат одредени предности во однос на своите врсници.

Според истражување спроведено од Институтот за демографски истражувања „Макс Планк“ и Лондонската школа за економија, децата родени од мајки во четириесеттите години се повисоки, пообразовани и постигнуваат подобри резултати на тестовите во споредба со оние чии мајки биле помлади.

Истражувачите анализирале 1,5 милион мажи и жени родени во Шведска помеѓу 1960 и 1991 година.

Научниците ги споредувале браќата и сестрите (исклучувајќи близнаци и повеќеплодни бремености) кои имале исти родители, за да утврдат како возраста на мајката влијае врз висината, физичката состојба, оценките во средно училиште и нивото на образование.

Резултатите покажале дека децата родени од мајки во подоцнежните години имале подобри резултати во сите овие категории, во споредба со своите браќа и сестри кои биле родени кога мајките биле помлади.

– Со споредување на браќа и сестри кои пораснале во исти услови, можевме да го одвоиме влијанието на возраста на мајката од другите фактори – објаснува Кирон Баркли, автор на истражувањето.

Зошто раѓањето на подоцнежни години има предност?

Научниците веруваат дека предностите на раѓањето деца во подоцнежните години надминуваат потенцијалните ризици. Тие истакнуваат дека родителите во своите 40-ти се посигурни, поискусни и поспремни да го стават образованието на своето дете како приоритет.

Сè уште немаат дефинитивен одговор зошто децата на постарите мајки постигнуваат подобри резултати, но сметаат дека подобрените здравствени и социјални услови со текот на времето имаат голема улога.

Дополнителни предности на подоцнежното мајчинство

Покрај подобрите академски резултати, постарите мајки имаат поголемо животно искуство, што позитивно влијае врз воспитувањето на нивните деца, а претходни истражувања покажале дека децата на мајки постари од 40 години поретко доживуваат несреќи и повреди, децата се почесто вакцинирани, имаат подобар говор и не се соочуваат со социјални и емоционални тешкотиии толку често.

Извор



912

X