Здравствените работници велат дека постојат пет предмети што би можеле да бидат фатални за бебињата доколку се остават во нивните креветчиња. Тие можат да предизвикаат блокирање на дишните патишта или прегревање на бебето.
Имено, доенчињата не можат да ја движат главата како возрасните или да ја регулираат телесната температура. За безбеден сон, бебињата под 12 месеци секогаш треба да лежат на цврст, рамен душек со добро наместен чаршаф. Ова е важно да се знае бидејќи само во САД околу 3.500 бебиња годишно умираат од причини поврзани со спиењето.

Според Комисијата за безбедност на потрошувачки производи во САД, перниците, полнетите играчки, ќебињата, браниците за креветчиња и какви било кабли или врвки кои се во близина на креветчињата се опасни за деца под 12 месеци.