За правилен развој на моториката, потребно е да го поттикнувате детето да прави многу движења. Колку е помало детето, толку и вежбите или игрите за моторика се поедноставни. Понатаму игрите може да стануваат поактивни. Вашето бебе може да сака јавање на нога или игри со скокоткање. Искористете го тоа скапоцено време и креативноста за поттик на развојот повеќе барајте ја низ вашиот дом отколку низ продавниците за бебиња. Ви предлагам неколку креативни идеи кои ќе ја стимулираат моториката кај бебето и ќе му приредат квалитетно поминато време со вас.

  • Користете ја подлогата од картонот за јајца и неколку мали топчиња или пластичниот дел во форма на јајце од киндер-чоколадата и понудете му на бебето да ги става топчињата во соодветниот простор.
  • Завиткајте неколку играчки во алуминиумска фолија и барајте од детето да ја отвора и лупи фолијата и да ја пронајде играчката.
  • На еден хулахоп или обрач прицврстете разноразни меки играчки, кеси со различен звук и ставете го бебето во хулахопот, легнато на стомак, да истражува и да прави најразлични движења.



  • Наполнете еден балон со вода, друг со брашно, ориз или слично и врзете го убаво, потоа дајте му го на бебето да го стиска со рацете.
  • Во една проѕирна кеса или фолија истурете црвена темперна боја и залепете ја на подот. Бебето легнете го на стомак и ставете му ги рацете врз фолијата, заедно правете движења врз бојата, а потоа оставете го само.
  • Направете меурчиња со течен детергент или сапун и дувајте ги насекаде околу вашето бебе. Тие ќе му овозможат да се фокусира и да прави движења со рацете за да ги дофати.



912

X