За правилен развој на моториката, потребно е да го поттикнувате детето да прави многу движења. Колку е помало детето, толку и вежбите или игрите за моторика се поедноставни. Понатаму игрите може да стануваат поактивни.

Вашето бебе може да сака јавање на нога или игри со скокоткање. Искористете го тоа скапоцено време и креативноста за поттик на развојот повеќе барајте ја низ вашиот дом отколку низ продавниците за бебиња. Ви предлагам неколку креативни идеи кои ќе ја стимулираат моториката кај бебето и ќе му овозможат квалитетно време поминато со вас.

– Користете ја подлогата од картонот за јајца и неколку мали топчиња или пластичниот дел во форма на јајце од киндер-чоколадата и понудете му на бебето топчињата да ги става во адекватниот простор.

– Завиткајте неколку играчки во алуминиумска фолија и барајте од детето да ја отвора и да ја лупи фолијата за да ја пронајде играчката.

– На еден хулахоп или обрач прицврстете разни меки играчки, кеси со различен звук и пуштете го бебето во хулахопот легнато на стомак, да истражува и да прави најразлични движења.

– Наполнете еден балон со вода, друг со брашно, ориз или сл. и врзете го убаво, потоа дајте му на бебето да ги стиска со рацете.

– Во една проѕирна кеса или фолија истурете црвена темперна боја и залепете ја на подот. Бебето ставете го легнато на стомак и ставете му ги рацете врз фолијата, заедно правете движења врз бојата, а потоа оставете го само.

– Направете меурчиња со течен детергент или сапун и дувајте ги насекаде околу вашето бебе. Тие ќе му овозможат да се фокусира и да прави движења со рацете со цел да ги дофати.



912

X