Воспитување

Предлог-активности: Како децата да се забавуваат во текот на зимскиот распуст

Со помош на овие идеи вашите деца ќе имаат одличен и забавен зимски распуст без постојано да седат пред екраните. Секако, листата со работи кои можат да ги забавуваат децата за време на празниците зависи и од тоа каде живеете, но веруваме дека ќе се пронајдете во нашите предлози.

Санкање – ако имате среќа да падне снег во вашето место на живеење или во близина, организирајте патување – ако сте во град, тоа може да биде патување до блискиот излетнички простор. Задолжително понесете грицки и вода – децата трошат многу енергија при санкање.

Правење снешко – следете ја прогнозата и бидете подготвени – доколку на прозорецот се појават бели снегулки, не одложувајте, веднаш излезете надвор со вашето дете. Ако има снег, тоа ќе биде главна забава на зимскиот распуст. Поканете ги и вашите пријатели!

Уметничко лизгање – фантастична зимска активност за која не зависите од временските услови. Популарни се и лизгалиштата на отворено, што може да биде многу забавно. Можете дури и да размислите да го запишете вашето дете во училиште за уметничко лизгање.

Правење колачиња – вклучете ги децата во овие активности и направете ги мали готвачи. Најдете одличен рецепт за божиќни колачиња.

Заедничка игротека – искористете ја можноста да организирате заедничка игротека со вашите пријатели. Може да биде кај вас дома или да се договорите за заедничка посета на игротека.

Детски научни експерименти – ова е забавно за секого. Ако вашите деца сакаат да останат дома, нема проблем – поттикнете им го мозокот и љубопитноста со одлични забавни и лесни научни експерименти за деца.

Друштвени игри – одличен начин да го забавувате целото семејство. Секако, игрите треба да се приспособат на возраста на детето, а прва на листата е „Не лути се, човеку“. Децата многу се забавуваат и со „Твистер“ или играта „Подот е лава“, а можете да ги научите и на некои покомплицирани игри.

Активности „направи сам“ – секогаш се добредојдени бидејќи го вклучуваат целото семејство и ја поттикнуваат креативноста.

Театар на сенки – кратките денови се идеални за организирање театар на сенки за децата. Ви треба батериска ламба и чист дел од ѕидот.

Направете сами хранилка за птици – тоа подразбира да земете ролни од тоалетна хартија, да ги намачкате со путер од кикиритки и да ги извалкате во семе за птици. Откако ќе ги закачите на гранка, вашите деца можат да гледаат како птиците доаѓаат да јадат од хранилката.

Посетете ја вашата локална библиотека – библиотеките често имаат и одлични активности за децата за време на празниците. Многу од нив имаат и играчки наменети за сите возрасти. Тие, исто така, нудат и аудиокниги и едукативни компјутерски игри.

Посетете музеј или локална туристичка атракција – ова може да биде вистинска авантура. Дозволете им на децата да го најдат она што би сакале да го видат во музеј или некоја од знаменитостите во местото на живеење, па дозволете им да истражуваат за тоа.

Одење на базен – одлична идеја за зимски одмор. Дури и ако имате можност да го посетите спа-центарот или аквапаркот во местото на живеење или во близина – тоа апсолутно ќе биде вашиот омилен настан од зимскиот одмор.

Направете чамци за картонските амбалажи од млеко или јогурт – земете стара картонска амбалажа и обликувајте ја да изгледа како чамец.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top