Откако ќе станете родител, го гледате светот со сосема поинакви очи – а одредени зборови кои некогаш толку соодветно го опишувале вашиот живот без деца, одеднаш добиваат сосема ново значење. Собравме некои од најинтересните зборови со објаснувања за нивните нови дефиниции по доаѓањето на децата, со малку забавно претерување за да ве насмееме.
1. Викенд
Пред децата: Спиење без аларм, а потоа се опуштате и се препуштате на денот без обврски или барем обврски кои не вклучуваат деца. Ручек во 12 или 15 часот? Или можеби ручек во ресторан со пријателите, а потоа долго кафе.
Со децата: Будење взори, убедување на децата да се облечат, да јадат, брзо чистење додека сите се подготвуваат да излезат од дома и така натаму и така натаму.
2. Ресторан
Пред децата: Уживање во серија гурмански јадења, со чаша добро вино, во друштво на партнер или пријател.
Со децата: Набрзина се обидувате да ставите храна во вашата уста пред на вашите деца да им здосадат играчките или боенките и да ги започнат своите „шоуа“. Или ситуација број два: Се обидувате да ставите храна во устата набрзина додека ги убедувате децата да стават храна в уста.
3. Прошетка
Пред децата: Романтична прошетка со партнерот. Небото е граница!
Со децата: Туркање на количката горе-долу низ соседството со надеж дека бебето ќе заспие.
4. Зора
Пред децата: Дел од денот кој воопшто не ви е познат или многу малку го знаете.
Со децата: Времето кога вашите деца се будат секој ВТОР ДЕН.
5. Време за капење
Пред децата: Релаксирачка пенлива бања со свеќи и чаша вино.
Со децата: Време што значи дека сте натопени во вода (иако не сте во кадата!) Додека се обидувате да го искапете вашето лизгаво мало дете на кое му е многу забавно прскањето со вода низ бањата!
6. Замолчување
Пред децата: Она што ретко го правевте кога луѓето беа многу гласни и груби во кино.
Со децата: Вашиот постојан звук со децата на јавни места, а понекогаш и дома.
7. Замор
Пред децата: Кога сте спремни за спиење по напорен ден.
Со децата: Кога ќе почнете да халуцинирате откако не спиете три ноќи по ред.
8. Плажа
Пред децата: Лежење под сенка или на сонце, со книга, слушалки и тотален зен.
Со децата: Лежење? Хах. Трчање наоколу и панично скенирање на плажата и морето на секои 15 секунди.
9. Депилација
Пред децата: Грижа за себе на редовна основа.
Со децата: Луксуз во кој можете да уживате секој месец.
10. Поим за одвратно
Пред децата: Валкано марамче.
Со децата: Што воопшто значи тој збор? Штом сте во секојдневен контакт со телесните течности, не сте сигурни која е точната дефиниција.
11. Хеланки
Пред децата: Облека што понекогаш ја носите, најмногу за дома или за спортски активности.
Со децата: Речиси единственото парче облека што го носите поголемиот дел од времето. Блажени хеланки!
12. Кафе
Пред децата: Вашата релаксирачка утринска рутина, понекогаш попладне, дружење со пријателите – безброј убави значења.
Со децата: Вашиот извор на сила.
13. Дремка
Пред децата: Можност за одмор во слободните попладневни часови.
Со децата: Тешко заработениот час што го имате за себе додека вашето дете мирно спие.
14. Лумпување
Пред децата: Забавно дружење кое траеше до зори.
Со децата: Очајна ноќ кога бебето плачеше непрестајно, а вие не ги ни затворивте очите.
15. Годишен одмор
Пред децата: Бегање од секојдневието за да ги наполните батериите и да се одморите.
Со децата: Патување кое вклучува еден тон спакувани работи, борба со уморно дете и враќање дома каде што ќе сфатите дека сте уште поуморни отколку што бевте пред да тргнете на патување.
18. Семејство
Пред деца: Често напорни и луди роднини.
Со децата: Она што ви носи најголема радост во животот!
912