Ви пренесувам една мудра стара еврејска приказна што ја најдов на некоја руска веб-страница:

Си било едно сиромашно еврејско семејство. Имале многу деца, но никогаш доволно пари. Мајката работела до исцрпеност – готвела, чистела, им викала на децата и ги удирала, гласно жалејќи се од животот.

Конечно, истрошена, отишла кај рабин за совет како да стане добра мајка.

Таа ја напуштила куќата на рабинот тивка и замислена. Оттогаш станала друга личност. Не, семејството не добило наеднаш повеќе пари, а ниту децата не станале попослушни. Но, сега мајката повеќе не ги карала, а пријателската насмевка не го напуштала нејзиното лице. Еднаш неделно одела на пазар, а по враќањето неколку часа се заклучувала во својата соба.

Децата биле љубопитни. Еден ден, и покрај забраната, тајно ја погледнале мајка си низ клучалката. Седела на маса и пиела чај, сладејќи се со кифличка.

„Мамо, што правиш? А ние?!“ – револтирано извикувале децата.

„Псст, деца!“ – одговорила таа важно. „Се правам себеси среќна мајка!“

Научена лекција: Пред да се дадете на другите, погрижете се да имате што да дадете!

Автор: Јована Папан

Извор



912

X