Воспитување

Правило од 5 минути ги поттикнува децата на искрена комуникација со родителите

Првиот пат кога ќе го фатите вашето дете во лага, веројатно ќе бидете изненадени и шокирани, па дури и загрижени. Добрата вест е дека Менди Грас има алатка која помага да се промовира мирна, отворена и искрена комуникација меѓу децата и родителите.

Нејзиното петминутно правило вклучува пет минути дневно кога мора да се посветите на вашето дете и да му дозволите мирно да разговара со вас за сѐ што му е на ум.

„Обично пет минути се доволни за признавање на сите неволји“, рекла таа на „Тик-ток“.

Грас објаснила дека додека растела, ако имала потреба да разговара со родителите без осудување или страв, можела од нив да бара пет минути внимание.

„Во тие пет минути тие само ме слушаа, немаше викање и врескање“, се потсетила таа.

Како функционира правилото од пет минути?

Грас истакнува дека правилото од пет минути не треба да биде бесплатна пропусница за сите лоши работи што ги прават децата.

„Иако петминутниот разговор е мирен, тоа не значи дека нема никакви последици, без разлика што нема да му викате на детето“, објаснила таа.

Грас ги поттикнува родителите да го практикуваат концептот и да ги охрабрат децата да ги искористат тие пет минути. Таа смета дека тоа е одличен начин за градење доверба и здрава комуникација.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top