Кога родителот ќе помисли: „Толку многу си го сакам детето што нема да дозволам да страда и ќе сѐ направам за него“, нему не му е грижа за своето дете, вели познатиот канадски психолог Џордан Петерсон.

– Постои едно правило до кое се обидував да се придржувам кога моите деца беа мали: не прави го за детето она што самото може да го направи. Тоа правило е вистинска досада бидејќи потребни ни се 15 секунди за да облечеме 2-годишно дете, но ако дозволиме 2-годишно дете да се облече самото, тоа ќе трае 15 минути или половина час, бркајќи се низ дома. Но, ако им дозволите сами да научат да се облекуваат, не мора повеќе да ги облекувате. Самите ќе го прават тоа. Истото важи и за поставувањето на масата, и со сето она за кое сметате дека децата можат сами да го направат.

За детето е подобро ако родителот го усвои ставот: ќе престанам да правам што е можно повеќе работи за тебе, што е можно порано. Истиот принцип важи и во домовите за стари лица: не правете ништо што старите можат сами да го направат затоа што им го негирате чувството на зависност, сила и смисла. Така е и во светот на бизнисот: ако си добар менаџер, ќе се направиш вишок време; ќе им дадеш на другите автономија да ја вршат својата работа, а ти нема да работиш – вели Петерсон.

Ако мислите дека ги заштитувате децата со тоа што ќе преземете многу работи, тогаш треба да знаете дека не ги штитите од никого. Ние можеме само да ги зајакнеме луѓето. Не можеме да ги заштитиме. Зајакнете ги и тие сами ќе се чуваат. Но, тогаш нема да им бидете потребни. Тоа е така и е потсвесен патолошки елемент на некои родители. Тие како да порачуваат: Не напуштај ме никогаш, јас ќе ги правам работите наместо тебе, а ти не оставај ме. Тогаш детето не учи ништо за животот, дури ни откако ќе го напушти родителското гнездо – заклучува Џордан Петерсон, додавајќи дека, секако, тука не спаѓаат бебињата.

Но, децата и возрасните не се доенчиња. Кога ги третирате така, ги уништувате, заклучува овој клинички психолог и професор по психологија на Универзитетот во Торонто.

Извор



912

X