Плодни денови се оние во кои жената може да забремени. Но, на многу жени не им е јасно како да ги пресметаат овие денови, особено ако должината на циклусот варира од месец до месец. Ви претставуваме метод со кој лесно и брзо ќе пресметате кога треба да овулирате.
Кај здравите жени зачнувањето е можно само неколку дена во текот на менструалниот циклус, а само два дена се најплодни. Овие денови се пресметуваат во зависност од времетраењето на циклусот, но запомнете дека тој исто така варира и се менува со возраста.
Кој период се смета за плоден?
Плодниот период обично се смета четири дена пред овулацијата и три дена по овулацијата, иако најплодни денови се самиот ден на овулацијата и денот пред и денот потоа. Повеќето бремености се резултат на сексуален однос што се случил три дена пред, на денот или денот по овулацијата.
Спермата може да преживее во телото 3-5 дена, а јајце-клетките до 24 часа, па затоа плодните денови траат и до седум дена. Ако сметате од првиот ден од менструацијата, под претпоставка дека имате редовен циклус кој трае 28 дена, вашите плодни денови се 11-ти, 12-ти, 13-ти, 14-ти, 15-ти, 16-ти и 17-ти ден. Со тоа што 13-ти, 14-ти и 15-ти се најплодни.
Како точно се пресметуваат плодните денови?
Ако жената има редовни менструални циклуси (интервалот од првиот ден од менструацијата до првиот ден од следната), со времетраење од 26 до 34 дена, тогаш плодните денови може да се пресметаат на следниов начин: од најкраткиот забележан циклус се одбива 18 за да се добие првиот плоден циклусен ден. Од најдолгиот забележан циклус се одбива 11 за да се добие последниот плоден ден од циклусот.
Во редовен 28-дневен циклус, плодните денови се од 10 до 17. До пресметката се стигнува на следниов начин: 28 – 18 = 10-ти ден (почеток на плодните денови). Потоа 28 – 11 = 17-ти ден (крај на плодните денови)
Друг пример: жената има циклуси од 28 до 32 дена. Значи: 28 – 18 = 10, 32 – 11 = 21, така што плодните денови теоретски паѓаат од 10 до 21 ден од циклусот.
912