Обидете се да му покажете на вашето дете дека инхалаторот не е нешто од што треба да се плаши, туку напротив. А кога избирате инхалатор, потребно е да се знаат неколку важни факти што придонесуваат за правилен избор
Инхалаторите сè почесто се дел од грижата за здравјето на нашите деца. Особено сега, во овој период на вируси (грип), загаден воздух, алергии…
Тие се употребуваат за внесување физиолошки раствор или лекови кои претходно се препишани од лекар, во вид на аеросолен спреј преку устата и носот. Така внесената терапија полесно се апсорбира и го прави третманот многу поефикасен во случаи на хронични опструктивни респираторни заболувања, бронхитис, астма и алергии. Иако инхалаторите главно се користат во случаи на респираторни проблеми, тие можат да бидат од голема помош и при настинка и грип бидејќи можат да се користат со физиолошки раствор.
Но, за ефективно дејствување, неопходно е и правилно користење на инхалаторот. Затоа постојат неколку лесни, но важни чекори од аспект на безбедна и правилна терапија, но и чекори после кои детето ќе гледа на инхалаторот како на свое другарче кое му помага.
Смирено дете – ефикасна терапија
Најважниот фактор во терапијата со инхалирање е смиреноста. За максимални резултати, родителите треба да обезбедат нивното дете да не биде вознемирено и да биде опуштено за време на аеросолната терапија.
Користете само лекови пропишани од вашиот лекар. Без оглед на тоа колку добро ги знаете домашните рецепти за олеснување на респираторните заболувања, не е добра идеја да ги применувате на вашето дете пред тоа да го одобри докторот. Аеросолната терапија треба да се направи кога тоа е потврдено од лекар.
Инхалаторот како суперхерој
Факт е дека инхалаторите, генерално, можат да им изгледаат застрашувачки на децата. Затоа родителите треба да се обидат да му покажат на детето дека инхалаторот не е нешто од што треба да се плаши, туку напротив, дека тој е суперхерој кој е тука да помогне. Постојат итри начини да се направи инхалаторот да му биде пријател на детето, на пример, оној што го направи „Зано“, вклучувајќи пакет налепници кои го претвораат инхалаторот во пријателски суперхерој.
Секое дете е посебна приказна
Кога станува збор за аеросолна терапија, не постои магичен пристап што функционира беспрекорно кај секое бебе, така што секој родител треба да открие што е најдобро за неговото дете. Сепак, можете да се обидете да ги следите горенаведените совети за успешна аеросолна терапија. Не е исклучена можноста резултатите да ги надминат вашите очекувања.
Предности
„Зано“ нуди компресорски тип на инхалатори, кои се тивки, компактни и ја имаат предноста да ги трансформираат лековите препишани од лекар во аеросолна магла. На тој начин се олеснува апсорпцијата дури и на поголеми молекули, што овозможува да се користат разновидни лекови.
Кај компресорските инхалатори се користи компресиран воздух за претворање на лековите во аеросол, имаат ниска пристапна цена, детска изведба, можат да се најдат во речиси секоја аптека и се едни од најупотребуваните инхалатори.
Инхалаторот – детски суперхерој
Неодминливи факти
Кога се избира вистинскиот инхалатор, треба да се знаат и неговите технички карактеристики, кои се тесно поврзани со ефектот на терапијата, а особено со практичната употреба на инхалаторот. Тие технички карактеристики се гласноста на инхалаторот, големината на распрсканите честички, големината на самиот инхалатор и количината течност што останува во него при земање на терапијата. На пример, кога ни треба мал, тивок, лесен и ефикасен инхалатор.
Инхалаторите на „Зано“ имаат повеќе изведби, согласно високите стандарди и практичните барања на корисниците во најразлични ситуации. Со тоа „Зано“ овозможува лесен и правилен избор на инхалатор кога сакаме да добиеме производ кој е ефикасна комбинација од корисното и практичното. Затоа, треба да ги знаеме следниве факти:
– Големина на распрсканите честички – таа зависи од ефикасноста на инхалаторот и се мери во микрони. Идеалната големина на честички е помеѓу 1 и 5 микрони. Честички поголеми од 5 микрони не можат да навлезат длабоко во белите дробови, а честичките помали од 1 микрон се издишуваат.
– Гласност – просечното ниво на бучава што се генерира од инхалаторот е помеѓу 60 и 70 децибели. Тоа е особено важно кога децата се корисници бидејќи гласниот звук може да биде непријатен за нив, па затоа е најдобро да се избере што потивок инхалатор.
– Големина на инхалаторот – повеќето инхалатори тежат од еден до два килограми. Потешките и поголемите инхалатори се покомплицирани за чување и транспорт.
– Количина на останата течност – станува збор за количината на течност што останува во инхалаторот по завршувањето на вдишувањето. Ова е важен фактор бидејќи од него зависи дали ќе се земе точната количина на лекот што го пропишал лекарот.
Имајќи ги предвид овие факти, родителите треба да го направат својот избор, кој би бил совршена комбинација на ефикасната функционалност со компактноста и гласноста. Инхалаторот „зано“ е многу компактен и мал, со голема ефикасност, а со неговите 50 децибели е особено тивок, што е уште еден плус повеќе во олеснувањето на изборот на инхалатор.
(Комерцијална објава)
912