Воспитување

Правилата на една мудра жена: Еднаш, кога ќе остарите…

-Никогаш не држете предавања никому. Дури и ако знаете со сигурност дека ќе бидете во право. Запомнете како тоа ве нервирало во ваше време. И дали сте ги слушале советите на постарите?

-Не обидувајте се да помогнете, освен ако тоа не ви биде побарано. Не наметнувајте се никому. Не обидувајте се да ги заштитите вашите најблиски од сите неволји на светот. Само сакајте ги.

-Не жалете се! Не претворајте се во стара жена – кавгаџика на клупа пред зграда.

-Не очекувајте благодарност од децата. Запомнете: нема неблагодарни деца. Има глупави родители кои очекуваат благодарност од своите деца.

-Не кажувајте фрази како: „Јас на твоја возраст…“, „Јас правам сè за тебе…“, „Постара сум, па знам подобро…“

-Ако имате внуци, не инсистирајте да ве викаат по име. Тоа е глупаво.

-Не трошете ги вашите последни пари на третмани против стареење. Бесмислено е. Подобро е да ги потрошите на патување.

-Не гледајте се во огледало и не нанесувајте шминка во затемнета просторија. Не ласкајте си. И обидете се да изгледате што е можно поелегантно. Всушност, елегантно, а не младешки. Верувајте ми, подобро е така.

-Грижете се за вашиот маж, дури и ако тој станал збрчкан, беспомошен, мрзлив старец. Не заборавајте дека некогаш бил млад, силен и весел и сигурно е еден од ретките што ве паметат како млада, вита и убава. И можеби тој е единствениот на кој навистина му требате во моментот.

-Не обидувајте се по секоја цена да бидете во чекор со времето: не треба да ги разбирате новите технологии, да ги следите сите трендови, постојано да учите нешто ново за да бидете во чекор со животот. Тоа е смешно. Правете го она што го сакате и што ве прави среќни.

-Не обвинувајте се за ништо. Без разлика како испаднал вашиот живот или животот на вашите деца, вие сте направиле сè што се можеле.

-Чувајте го достоинството во секоја ситуација. До самиот крај!

-И запомнете, ако сè уште сте живи, тогаш тоа некому му е потребно.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top