Никој не рекол дека воспитувањето тинејџери е лесна работа. Тоа што сум наставничка ми даде уникатно искуство во слушање на учениците кои зборуваат за своите односи со родителите на вистински и емотивен начин. Сепак, изгледа дека тинејџерите зборуваат на сосема различен јазик. Ова се 10 правила за кои нема преговарање кога станува збор за воспитување тинејџери:
Не игнорирајте ги нивните чувства и искуства
Иако она што го слушате ви звучи детски, сепак, за нив може да е монументално. Не игнорирајте ги нивните проблеми и не минимизирајте ги само затоа што вие веќе имате искуство. Слушајте ги и понудете им помош доколку е потребна.
Имајте јасно дефинирани правила кои се однесуваат на сите тинејџери во домот, без разлика на полот
Една од најголемите жалби што сум ги чула од моите ученици е дека нивниот брат или сестра е третиран многу поинаку. Ако за децата се потребни посебни правила, објаснете им го тоа без да давате старомодни сексистички изговори.
Преговарајте за секое временско ограничување
Различни ситуации бараат флексибилен пристап кон оваа тематика. Различно нека биде времето, односно договорено со разговор за училишна игранка, гледање филм кај пријатели или излегување од друг тип.
Обврските треба да рефлектираат совладување вештини од реалниот живот кои подоцна ќе им бидат од корист
Освен што ќе ви помагаат низ домот, со завршувањето на домашните обврски децата ќе научат како да се грижат за себе, па целта е да ги научите да бидат независни и способни за завршување на основните обврски: перење, готвење, чистење.
Дајте им простор да се изразат
Секој тинејџер си го бара местото во светот и сака да се изрази. Оставете ги децата да имаат колекции од нешто – она што им се допаѓа, или да ги бојадисаат своите соби, да одат на часови по уметност и слично.
Верувајте му на вашиот инстинкт за нивните другари
Ако имате лошо чувство за нивните другари, веројатно сте во право. Поставувајте прашања, набљудувајте, па ако е потребно, зборувајте и со родителите на нивните другари.
Не плашете се да им се обратите на наставниците
Голем дел од денот децата го поминуваат на училиште. Наставниците се одличен ресурс за комуникација, а и одлично е да бидете во тек како напредува детето на академско ниво.
Интересирајте се за нивните хобија
Не мора да ви се допаѓа бендот во кој учествуваат децата, но треба да ги оставите да ви зборуваат за тоа. Одете на настаните. Па ако слушнете нешто интересно за таа тематика, споделете ја со децата.

Не поправајте ги сите нивните грешки
Тинејџерите се кралеви кога се работи за извлекување од неволји. Ако погрешиле, ако не биле одговорни, немојте да им дозволите да се извлечат. Помогнете им да бидат посвесни и посилни ученици во иднина.
Бидете искрени со нив
Тинејџерите мразат лажење, а тоа особено може да им наштети ако доаѓа од родителите. Бидете колку што можете поискрени со нив, а ако ве прашаат за вашето мислење, кажете им искрен став. Ако сте искрени со нив кога вистината е непријатна, тие ќе ви веруваат кога ќе им кажете нешто добро.
Автор: Лорел Нидоспиал