Не постои единствен стил на родителство. Она што му одговара на едно семејство може да не му одговара на друго. Оваа мајка е само еден од низата примери дека родителството и воспитувањето се целосно индивидуални и дека секоја врска е посебна.
Кори (21) од Канада поттикнала дискусија на интернет откако објавила видео во кое го објаснува нејзиниот стил на родителство. На нејзиниот профил на „Тик-ток“ таа објавила видео во кое се наведени три правила што ги следи во родителството, а за кои вели дека ги вознемируваат другите луѓе. Видеото набрзо станало вирално со повеќе од 1,6 милион прегледи, а реакциите и коментарите за неговите правила се многу поделени.
„Мојот син не поминува време сам со некој што не ги почитува нашите правила и граници, вклучувајќи ги и бабите и дедовците“, започнува таа. „Никој освен мене не смее да му дава слатки. Јас сум единствената што му дава слатки бидејќи на тој начин можам да го надгледувам и ограничувам внесот на шеќер“, објаснува таа.
„Никогаш не мора ништо да сподели“, продолжува таа, објаснувајќи дека ако ја однесе играчката кај баба и дедо, не мора да ја дели со роднините. Истото правило важи и кога се на игралиште, вели таа.
„Согласноста е голема работа“, продолжува да објаснува. „Не е дека луѓето не можат да го прегрнат и бакнуваат мојот син, туку прво треба да го прашаат. Тој ја знае разликата помеѓу да и не“ – вели Кори во виралното видео. Таа додава дека секогаш бара согласност од нејзиниот син, дури и пред да му ги смени пелените. И последното правило е дека нејзиниот збор е последен во однос на технологијата. „Го ограничуваме времето поминато пред екран. Има една година, не треба по цел ден да гледа телевизија“, вели таа.
Не сите се согласиле со нејзиниот стил на родителство. Еден корисник напишал дека не го разбира правилото со играчките. „Зошто да донесе играчка со која неговите братучеди не можат да си играат?“, прашува тој во коментар.
„Зошто сите претпоставуваат дека таа не го учи како да дели и споделува? Секако дека го учи. Едноставно не го тера да го направи тоа и ако има проблем, ќе го реши“ – напишал друг корисник откако Кори била нападната од многу луѓе во врска со правилата за играчките. „Вака сакам да го воспитам моето идно дете“, напишал друг корисник.
Автор: Пејџ Холанд