Воспитување

Правила што мора да ги научи секое девојче

Постојат правила што мора да ги научи секое девојче: дека не е сопствеништво на никого, дека може отворено да ги искажува своите чувства, да се почитува и сака себеси, дека прчењето на усните не е секси, а дека тангата треба да се носи само повремено.

Еве што страницата „Scary Moomy“ ги советува родителите во врска со нивните ќерки.

– Научете ја вашата ќерка дека не е сопствеништво на никого. Научете ја дека не треба никогаш да биде ничија, дека треба да си припаѓа сама на себеси.

– Ако не сака отворено да зборува за тоа што го чувствува, нека напише, нека го отсвири, што било, само да не се повлече во себе и во фрижидерот.

– Научете ја вашата ќерка да се сака и почитува себеси, без оглед на тоа дали е висока, ниска, дебела, слаба. Уверете ја дека е убава и однатре и однадвор.
Таа исто така мора да се почитува и по цена некое време да биде осамена. Сите мора да ја почитуваат. Вашата ќерка мора да знае дека секогаш може да ви се обрати доколку ѝ биде потребна помош, и ако не може сама да се одбрани физички или вербално.

– Напрчените усни не се секси – е едно од правилата што треба да ги усвои вашата ќерка, а се однесуваат на естетската хирургија. Со тоа оди и правилото „големите гради не се за сите убави, како и тетоважата и пирсингот“.

Потребно е да ја научите дека треба да биде силна и да не се плаши од неуспех. Стравот не смее да ја спречи да се обиде повторно да го оствари она што го планирала, а што не ѝ успеало веднаш.

– Не испраќај им ги твоите фотографии на непознати луѓе, на е-пошта или преку ММС, никогаш.

– Не кради ѝ го момчето на твојата најдобра другарка. Мажите доаѓаат и заминуваат, но другарките остануваат за цел живот.
Научете ја вашата ќерка дека долната облека не се позајмува, како и тоа дека фармерките од кои се гледа задникот ќе направат никој да не ја сфати сериозно.

– Тангата е во ред, но само еднаш неделно.
Помогнете ѝ да „излезе“ од тинејџерските магазини бидејќи во нив се пропагираат слабеење, диети и погрешни примери. Не дозволувајте на 9 години да изгледа како да има 25. Нејзината гардероба мора да биде во сооднос со нејзината возраст.

Не би требало да се омажи млада. Родителите би требало да ја охрабруваат да го види светот, да живее сама, да сфати која е и што сака од животот, што сака од партнерот, пред да се „смири“.

– Објаснете ѝ дека нема ништо лошо во тоа петок навечер да седи дома и да чита книга.
Научете ја да се смее сама на себе, секогаш да биде спремна за шега на нејзина сметка, бидејќи само така ќе биде навистина духовита.
Големо друштво е во ред, но треба да инвестира само во два или три вистински пријатели. Научете ја дека животот дава неограничен број избори.

– Навистина можеш да направиш многу работи. Дури и да го користиш машкото веце.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top