Да се биде родител често значи да се живее помеѓу голема љубов и уште поголеми прашања. Секое дете е посебен свет, а секој ден со него носи нови дилеми: кога да реагираме, како да ги насочиме, што е навистина најдобро за неговиот раст и среќа?
Во потрага по одговори, понекогаш забораваме дека решенијата не се кријат во сложени теории, туку во едноставни вистини. Токму таква порака носи кратката, но длабоко поучна приказна на Толстој насловена „Три прашања“, која може да ни помогне да размислиме како да бидеме подобри родители. Иако е напишана пред повеќе од еден век, таа и денес потсетува дека најголемата мудрост и најдобро водство, без оглед дали е тоа царството или семејството, секогаш се во точниот момент, со вистинските луѓе и преку вистинските дела.
Приказната „Три прашања“
Царот сакал да најде одговори на три клучни прашања:
Кога е вистинскиот момент за некое дело?
Кои се најважните луѓе со кои треба да го поминуваме времето?
Што е најважно да се прави во секој момент?
Тој посетил мудар човек за да му ги одговори. Човекот, наместо да му даде директен одговор, го замолил царот да му помогне во копањето на градината.
Во еден момент, царот слушнал крик од шумата и видел повредено лице кое бегало од грмушките – тоа бил неговиот непријател, кој дошол да го убие. Царот му помогнал, му ги превиткал раните и му дал вода, па така го стекнал неговото пријателство.
Кога се вратил кај мудриот човек, тој му објаснил дека веќе ги добил одговорите:
Вистинскиот момент бил токму тоа време поминато со него во градината. Најважните луѓе биле тој и неговиот непријател – првиот затоа што го задржал, а другиот затоа што му спасил живот и така стекнал пријателство. Најважното дело било да се направи добро и да се покаже милостина кон оној што му посакувал зло.
Царот ја сфатил мудроста на човекот и се вратил во палатата со нови принципи на живот.
Толстој како инспирација за родителството
Лав Толстој, еден од најголемите руски писатели и мислители, оставил длабока трага во светската литература и култура.
Неговата приказна „Три прашања“ може да ни служи како водич за подобро родителство:
Кога е вистинскиот момент? – Сега, времето што го поминуваме со децата, квалитетно време посветено на нивните потреби, интереси, емоции и развој. Игра, учење, разговори и забавни активности оставаат траен белег.
Кои се најважните луѓе? – Нашите деца и оние што се важни за нив. Луѓето кои ги сакаат, ги поддржуваат, учат и инспирираат, кои го обликуваат нивниот карактер и вредности.
Што е најважно да се прави? – Да им се посвети целото внимание и да се прават добри дела за нив. Тоа се основните принципи на родителството кои оставаат траен впечаток во животот на децата.