Сигурно сте прочитале многу објави за алтернативни прашања што треба да им ги поставите на вашите деца кога ќе се вратат од училиште. Следно прочитајте неколку идеи за секојдневни прашања што треба да им ги поставувате на вашите деца, а кои го поттикнуваат развојот на карактерот.
Злото е насекаде наоколу, а честопати дури и се рекламира како добро. Има неправда – толку многу неправда, а луѓето кои сакаат да ја шират својата негативност, навлегуваат во душата на другите.
Злото е толку распространето што се прашуваме како можеме навистина да направиме разлика. Тогаш сфаќаме. Ние сме родители. Начинот на кој се однесуваме, зборовите што ги кажуваме и лекциите на кои што ги учиме нашите деца имаат моќ – огромна моќ. Ако можеме да ги научиме нашите малечки да прават добро и да шират добро, тогаш тоа се влева и во животите на другите. Има потенцијал за експоненцијален раст.
Дали знаете колкаво влијание имате врз оваа следна генерација? Разговорите што избираме да ги водиме со нашите деца прават разлика кога ги спроведуваме нашите намери. Прашањата што им ги поставувате на вашите деца по училиште може да го инспирираат нивното однесување и да влијаат врз утрешниот ден. Поставувајте намерни прашања.
Ова се неколку секојдневни прашања што треба да им ги поставите вашите деца, а кои го поттикнуваат развојот на карактерот – во позитивна насока.
Дали насмеа некого денес?
Што направи денес што беше тешко?
Каде виде добро дело денес?
Каде направи добро дело денес?
Дали има нешто што си го направил денес за што се каеш?
Дали му кажа некому благодарам? За што?
Како помогна некому денес?
Имаше ли некои тешки ситуации со кои не беше сигурен како да се справиш? Што направив?
Кажи ми нешто убаво за еден од твоите соученици.
Дали денес беше искрен за нешто за што ти беше тешко да бидеш искрен?

За што се чувствуваш благодарен денеска?
Како ја доживеа радоста денес?
Имаше ли момент кога требаше да бидеш трпелив денес?
Дали денес имаше можност да бидеш лидер?
Во кој момент ти требаше некој друг да биде емпатичен со тебе денес?
Дали требаше да покажеш храброст на некој начин во училиште?
Дали му пристапи денес на некој на кој му требаше пријател?
Кога покажа самоконтрола?