Истражувањето покажало дека три четвртини од родителите не го знаат одговорот на овие навидум едноставни прашања, а дури третина лажат за да го скријат овој факт од своите деца.
Зошто Месечината понекогаш се гледа и во текот на денот? Зошто небото е сино? Дали некогаш ќе ги откриеме вонземјаните? Колку тежи Земјата? Како авионите остануваат во воздух?
Ако му верувате на истражувањето спроведено во Велика Британија, ова се прашањата кои децата најчесто им ги поставуваат на своите родители. Иако на прв поглед изгледаат прилично банално и едноставно, повеќето од нив не се ни малку лесни за одговор.
Доколку и самите сте биле во слична ситуација, веруваме дека ќе го цените овој мал „водич“.

Како успеваат авионите да останат во воздух?

За да го совлада отпорот на воздухот и гравитацијата, авионот мора да „создаде“ две сили: сила на потисок и сила на подигнување.
Потисокот е силата што го турка авионот напред, врз основа на третиот Њутнов закон, во кој се наведува дека секоја акција има еднаква и спротивна реакција – авионски мотори произведуваат потисок така што го туркаат моторното гориво наназад.
Како што авионот забрзува на пистата, секое од неговите крилја го дели воздухот во две струи, од кои едната оди нагоре, а другата под крилјата. Крилјата се дизајнирани така што воздухот кој поминува над нив е насочен надолу, што според Њутновиот закон предизвикува реакција или сила која го турка авионот нагоре – тоа претставува подигнување.
Секој авион има специфична брзина на искачување – точката во која силата на подигнување станува поголема од гравитацијата. Оваа критична брзина се менува поради тежината на авионот. Истовремено моторот на авионот мора да произведува доволно потисок за да го избегне отпорот на воздухот предизвикан од триење.

Колку тежи Земјата?

Бидејќи Земјата во универзумот е во постојана состојба на слободен пад, нејзината вистинската тежина е еднаква на нула. Истото важи и за астронаутите во орбитата – затоа што и тие технички лебдат во состојба на слободен пад, врз нив не влијае гравитацијата и нивната тежина е нула.
Од друга страна, можеме да зборуваме за масата на Земјата – својството на тело кое е независно од тоа каде се наоѓа во вселената или што прави. Земјата има маса од 5,97 x 1024 килограми – што е приближно еднакво на сто милиони милијарди бродови со тежина на „Титаник“.

Дали некогаш ќе ги откриеме вонземјаните?

Никој не може со сигурност да каже колку е чест/редок вонземскиот живот во вселената, па едноставно нема сигурен начин да се предвиди дали и кога луѓето ќе дојдат во контакт со таков вид.
Сепак, научниците од Институтот „SETI“ во Калифорнија веруваат дека постои голема шанса да пронајдеме сигурни знаци на вонземски живот во следните 20 години, и тоа во форма на необични радиобранови или светлосни зраци.
Нивната претпоставка е основана врз сѐ побрзиот развој на системот за следење на универзумот, во кој речиси секојдневно се откриваат нови небесни тела надвор од нашиот Сончев Систем. Во исто време, веруваат дека вонземските цивилизации постојано ја подобруваат својата технологија, со која наскоро ќе ни дадат до знаење дека тие постојат.

Зошто небото е сино?

Светлината што доаѓа од Сонцето се состои од многу различни бои; таа до нас патува во форма на светлосни бранови, а секоја боја има своја единствена и уникатна бранова должина. Виолетовата и сината боја имаат пократки должини, црвената има подолга, додека другите бои се поставени помеѓу овие две крајности.
Кога различните бои на светлината поминуваат низ Земјината атмосфера, се судираат со молекули, најчесто вода и прашина. Бидејќи тие честички со големина се многу поблиску до пократките бранови должини, светлината се расфрла во лилава и сина боја.
Иако најмногу честичката се расфрла во лилава боја, човечкото око е почувствително на сина боја, поради што ни се чини дека небото претежно има таква боја.

Зошто Месечината понекогаш се гледа и во текот на денот?

Одговорот е едноставен. Месечината се движи околу Земјата без разлика на положбата на Сонцето, па затоа е еднаква веројатноста дека таа ќе се појави на небото во текот на денот. Во некои ситуации, аглите помеѓу позицијата на Земјата, Месечината и Сонцето се совпаѓаат на таков начин што Сонцето силно ја осветлува Месечината, поради што многу јасно може да се види сред бел ден.



912

X