Ја објавуваме листата на дел од најчитаните прашања на родителите и одговорите на психолозите и психотерапевтите

Агресија, проблематично однесување, говор, пубертет, односи меѓу различни генерации во семејството, адаптација во школо или градинка, говор, исхрана се само дел од темите за кои родителите најчесто бараат помош од психолозите и психотерапевтите. Со овие теми се поврзани и најчесто поставуваните прашања во рубриката „Прашај психолог“.
Психолозите Радмила Живановиќ, Ивана Маринчек, Ана Блажева, Јана Зенговска, Христина Стефановска и психотерапевтот Наташа Маџевска, кои се членови или соработници на здружението „Психотерапика“, за половина година одговорија на повеќе од 100 пристигнати прашања на читателите на Деца.мк.

Не сте сами

„Прашај психолог“ е рубрика за родителите и нивните прашања поврзани со развојот и растот на децата.
– Прашањата за кои родителите беа најзагрижени се поврзани со специфичните развојни периоди на децата (предучилиштен и училиштен период, пубертет и адолесценција и сл.) и некои типични процеси на растење (адаптации и промени, постигнувања, развој на вештини, емоционална регулација, насилство, агресија…), на процесите на адаптација на покомплексни средини и услови на растење (тргнување во градинка/училиште, нов член во семејство, преселба во нова средина, развод и непризнавање на родителство, проширени семејни заедници и сл.), прашањата на односите во семејството и родителствување на типични и нетипични однесувања на детето – вели Радмила Живановиќ, лиценциран психолог-психотерапевт во „Психотерапика“.

Големиот одѕив и заинтересираност на родителите потврдува дека родителите имаат потреба да дознаат малку повеќе за работите што не ги разбираат, а кои се однесуваат на релацијата родител-дете.
– Тие уочуваат дека не се сами во справувањето со ваквите прашања и дека многу прашања се повторуваат и на сличен начин ги загрижуваат – вели Живановиќ.

Одговорност на целото семејство

Одговорите имаат психоедукативен и советодавен карактер. Јасно објаснуваат што е она што може да се очекува во одреден период на развојот на детето, каде би можеле да бидат можните ограничувања и како на едноставни начини со едноставни пристапи да се адресираат овие прашања првенствено од родителите, а доколку е потребно, и од постручен тим.
– Одговорите се фокусирани на одговорноста на целото семејство и никогаш директно не посочуваат единствено на одговорноста на детето, имаат системски пристап и ја потенцираат одговорноста на сите, најмногу на родителите. Со одговорите се дава можност и се поддржува и родителот да се најде на позицијата на одговорен родител кој може и позитивно влијае и соодветно ги адресира проблемот и промената кај детето. Нашата премиса е: Оној што не прашува, претпоставува. Оној што прашува, дејствува! – додава Живановиќ.

Најчитаните прашања и одговори

Ова се дел од најчитаните прашања на родителите и одговорите на психолозите и психотерапевтите во „Прашај психолог“:

„Кучко една“, „Доста мори“ се зборови што ми ги упатува синот. Многу лошо се однесува, а ќотек не помага…

Ги губам нервите, му викам на детето и го потчукнувам. Како да си помогнам?

Мојот син спие со својата баба, нам ни се лути, а кон сестра си е агресивен, не сака да се преселиме…

Го воспитувам со љубов и внимание, а плаче и се дере за бесмислени работи сè додека не ги добие

Свекрвата дојде да ми помогне со бебето, ама ми прави нервози!

„Девојчето ми е тврдоглаво, тешко се концентрира, а децата ја отфрлаат оти им досадува“

Син ми има 1 година и 9 месеци, сака да прави опасни работи и има силни тантруми. Како да реагирам?

Детето има аверзија кон храна, за што и јас сум виновна. Како да постапам?

Мојот 5-годишен син не сака да оди во градинка и постојано ми е залепен. Тоа многу ме нервира

Син ми има 8 години, ги кубе клепките и има одбивност кон школото. Што да преземам?



912

X