Воспитниот процес бара од родителите повремено да ги преиспитаат своите механизми, особено кога се соочуваат со предизвикувачко однесување кај децата. Еве неколку прашања за саморефлексија кои ќе го водат родителот низ неговиот пристап.
Дали сум доследен во поставувањето на правилата или ги применувам повремено?
Доследноста во правилата за дисциплинирање е од суштинско значење за ефективно воспитување. Недоследноста децата ја користат во сопствена корист да ги преиспитуваат границите. Вистината е дека ним им треба конзистентност која ќе овозможи водство од страна на родителот.
Дали правилата важат за целото семејство, односно дали сите сме заедно во дадената ситуација?
Овде е важно да се воспостави кохезија во целото семејство и сите засегнати од фамилијата кои воспитно влијаат врз детето, на пример, баби и дедовци. Правилата треба да важат секаде без исклучоци. Тоа ќе овозможи структура на семејната динамика и детето ќе нема потреба од тантрумизации во однесувањето.

Дали додека го следам однесувањето на моето дете ги следам и последиците?
Последиците се ефективни кога детето е лишено од привилегии. Последиците треба да соодветствуваат со однесувањето и да се вербализираат и да разјаснат дали однесувањето предизвикало материјална, физичка штета итн.
Какви последици применувам?
Последиците не треба да бидат благи, ниту премногу ригорозни. Тие само треба да го научат детето дека по одредено однесување лоши последици го чекаат за секој погрешен избор.