Игротека

Позната актерка открива дека непрекинато дои повеќе од седум години

Познатата актерка Тереза Палмер, која го очекува своето четврто дете, неодамна на нејзиниот инстаграм-профил открила дека сѐ уште ги дои своите деца, повеќе од 7 години, уште откако го добила првото дете во 2014 година.

– Денес е 2.728-ми ден откако дојам. Почнав на 17 февруари 2014 година кога го родив мојот прв син. Го доев додека бев бремена со вториот син, а потоа една година ги доев во пар. Вториот син продолжив да го дојам во текот на третата бременост, а потоа него и мојата ќерка ги доев во пар. Во текот на оваа бременост сѐ уште ја дојам мојата ќерка, па откако ќе се роди бебето, повторно ќе дојам во пар – напиша таа, додавајќи дека ѝ е тешко и е многу уморна.

– Има денови кога ми е тешко, уморна сум и си го сакам телото назад, а потоа други денови кога чувствувам длабока благодарност поради тоа искуство. Имав привилегија да го изберам доењето, што ја нема секој. На некои им е полесно отколку на другите. Знам многу жени што се обиделе да дојат, но не можеле. Жените не треба да се осудуваат според тоа како ги хранат своите деца. Првите две години бев нападната од маж и жена затоа што мојата ќерка, која тогаш имаше шест недели, ја доев на клупа во парк. Се надевам дека другите жени, кои одлучиле да дојат, можат да го прават тоа без страв од осуда. Тешко ми е да поверувам дека ваквите разговори и дебати и понатаму се случуваат. Се надевам дека се движиме кон промена.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top