Многу познати луѓе зборуваат во медиумите за воспитувањето и за работите што им ги дозволуваат, но и оние што никогаш не би им ги дозволиле на своите деца. Како што тврдат повеќето од нив, сакаат да ги воспитуваат своите деца како сите други „обични“ луѓе, поради што често наидуваат на поделени реакции.

Слично размислува и познатиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, кој го опишал својот живот во автобиографската книга „Адреналин“, а меѓу другото и правилата што ги следи кога се во прашање неговите синови. Имено, 42-годишниот фудбалер ги има синовите Максимилијан (17) и Винсент (15) од бракот со сопругата Хелена Сегер, а како што открил, никогаш не им дозволува една работа.

Станува збор за користењето на социјалните мрежи. Иако тврди дека не ги чува децата под стаклено ѕвоно, смета дека социјалните мрежи, но и интернетот воопшто, се многу штетна работа со многу негативни последици.

„Ги сакам моите деца како ништо друго на светот. Да ги сакаш, значи да ги заштитиш, одговорно да управуваш со нивната слобода“, објаснил фудбалерот, кој додал дека се труди да ги заштити од напишаните негативни коментари за него.

„Токму ова е една од главните причини зошто на мојот Инстаграм нема фотографии од моите деца и моето семејство. Наместо тоа, гледам многу деца објавени на интернет, некои прават профили кога имаат само седум години и веќе имаат неколку илјади следбеници. Мислам дека тоа е штетно“, нагласил Ибрахимовиќ.

Извор



912

X