Актерот од популарната серија „Dawson’s Creek“, Џејмс ван дер Бик, одлучи јавно да проговори за тешката тема – спонтан абортус.
– Мојата сопруга имаше три спонтани абортуси во овие години, вклучувајќи го и тој пред оваа малечка убавина – наведе актерот во описот на фотографијата на која во прегратка ја држи тримесечната ќерка Гвендолин, во друштво на сопругата Кимберли Брук, телевизиска продуцент.
Џејмс истакна дека спонтаниот абортус не би требало на англиски јазик да се нарекува „miscarriage“ затоа што терминот значи и грешка и неуспех.
– Ни треба нов збор бидејќи овој на подмолен начин сугерира грешка на мајката, како нешто да испуштила и не успеала да го доноси докрај – напиша актерот кој, освен малечката Гвендолин, има уште четири деца – седумгодишната ќерка Оливија, шестгодишниот син Џошуа, четиригодишната ќерка Анабел и двегодишната Емилија.
Исто така, Ван дер Бик смета дека на жените треба да им се олесни овој и онака тежок случај.
– Да ја отфрлиме веднаш целата вина од нив. Спонтаниот абортус ќе ве растргне како ништо друго. Тоа е болно и го крши срцето на подлабоки нивоа кои можеби некогаш сте ги доживеале. Не треба да се обидувате да ја рационализирате својата тага, треба да ѝ дозволите да тече во бранови во кои доаѓа и да ѝ препуштите праведен простор – напиша тој и искрено заклучи:
– Многу, многу, многу двојки добиваат среќни, здрави, прекрасни бебиња подоцна. Сум чул некакви метафизички објаснувања околу тоа, а повеќето се движат околу идејата дека тие малечки души волонтираат на краткото патување за благосостојбата на родителите.
Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.