Игротека

Повторно со талентираниот млад танчар Дамјан Талевски, осмоодделенец во ОУ „Даме Груев“ од Битола

Повторно сме со Дамјан Талевски, ученик во осмо одделение во Основното училиште „Даме Груев“ од Битола.

По сите негови успеси во светот на танцот во 2017, 2018 и 2019 година за кои пишувавме, тој во пандемската 2020 година го менува танцовиот клуб и станува дел од танцовиот спортски клуб ТСК СПЕТ АП Битола, кој е членка на македонската танцова спортска федерација ТСФМ. Инаку, ТСК СТЕП АП е прв клуб од Македонија кој е првпат на светската ранг-листа.

Дамјан и неговата партнерка Илина вредно тренираат и постигнуваат значајни резултати во последните три години. Тие се млади талентирани натпреварувачи во стандардни и латиноамерикански танци кои две години по ред во 2021 и 2022 се македонски државни прваци во нивната категорија јуниори А2, а во 2023 година ги освојуваат високите второ и трето место на државно ниво.

Во последните три години континуирано учествуваат на WDSF OPEN “SKOPJE OPEN”, GRAND PRIX SKOPJE OPEN во организација на ТСФМ, како и на меѓународни натпревари во Србија, Грција, Албанија и на светското првенство во стандардни и латинотанци за јуниори во Софија, Бугарија.

(Комерцијална објава)

Поврзани написи

To top