Бабите по мајка се уникатни и имаат посебна врска со нивните внуци. Тие играат важна улога во животите на нивните внуци, и на емоционално и на генско ниво. Дури и ако не поминуваат многу време со нивните баби по мајка, врската меѓу нив никогаш нема да исчезне, а тоа е така затоа што тие ги наследуваат нејзината ДНК, нејзиниот темперамент, нејзиниот вкус и емоциите.

Алехандро Јодоровски, чилеански есеист, ја напишал книгата „Метагенеологија: Самооткривање преку психомагијата и семејното стебло“, каде што го објаснува генското влијание на бабите по мајка врз нивните внуци, бидејќи гените можат да ги прескокнат генерациите, па од баба и дедо да преминат на внуците.

Според Алехандро, гените што децата ги добиваат во утробата на нивните мајки доаѓаат директно од нивите баби. Помеѓу сите баби, дедовци и роднини, бабата по мајка е таа што е најодговорна за наследување на гените.

Гените не се пренесуваат директно на следната генерација, и може да прескокнат една генерација. Затоа постои можност некои деца да личат како нивните тетки, чичковци и дедови повеќе отколку како нивните родители.

Можеби децата не изгледаат исто како нивните баби, но секогаш постои нешто на нив: бенка, насмевка, боја на очите, начинот на движење и одење. Исто така, понекогаш ја наследуваат коскената структура, мускулите, па дури и генските болести.

Во просек, споделуваме 25 отсто од нашата ДНК со нашите баби и дедовци. Научниците од Универзитетот „Кембриџ“ објавија истражување за врската помеѓу бабата по мајка и нејзините внуци. Според ова истражување, оваа врска се случува поради Х-хромозомот: бабите по мајка им пренесуваат 25 отсто од нивните Х-хромозоми на сите внуци, што им овозможува да ги наследат нејзините гени.

Бабите по татко пренесуваат Х-хромозоми само на нивните внуки, но не и на внуците. Така, додека бабите по татко имаат 50 отсто Х-поврзаност со нивните внуки, тие имаат 0 отсто поврзаност со нивните внуци.

Тоа не значи дека внуците не се блиски со бабата и дедото по татко. Најважно е да се запамети дека треба да се одржува чест контакт и општо присуство во животот на детето. Ова ќе ги подобри основните врски неопходни за градење силно пријателско семејство, без оглед на гените или родот.

Според Алехандро, децата исто така ги наследуваат емоционалните искуства од бабите по мајка. Емоциите што бабата ги чувствувала кога била трудна со нејзината ќерка може да бидат пренесени на нејзините идни внуци, бидејќи информациите може да бидат „снимени“ во ДНК и таму да останат дури и ако прескокнат една генерација.



912

X