Здравје

Повеќе време пред ТВ е еднакво на помалку пријатели

Линда Пагани од Универзитетот во Монтреал работела со приближно 2.000 деца на возраст од 29 месеци, а потоа и во текот на шестото одделение на училиште.

Децата биле анализирани за нивните навики кога станува збор за гледањето телевизија и за нивните односи со соучениците подоцна во текот на детството. Имено, децата што поминуваат подолго време гледајќи телевизија почесто имаат лоши односи со соучениците на училиште.

– Повеќе поминато време пред телевизорот значи помалку време за комуникација во семејството, што е основа кога станува збор за социјализацијата – вели професорката Пагани.

Зголеменото гледање телевизија во детството се поврзува и со дефицити во развојот поврзани со функциите на мозокот кои се важни за решавање проблеми, регулација на емоциите и позитивен социјален контакт.

Освен тоа, телевизијата може да биде причина и за тешкотиите при задржување на контактот со очите, што може да влијае врз создавањето пријателства, се додава во извештајот за истражувањето.

Професорката Пагани работела со 991 девојче и 1.006 момчиња кои растеле во Канада. Родителите известувале за нивните навики кога станува збор за гледањето телевизија, додека тие самите раскажувале за нивните односи на училиште.

Американската академија за педијатрија советува 1-2 часа дневно гледање телевизија за деца на возраст од две години или повеќе. Пагани советува повеќе игри и разговори со семејството и пријателите за децата да добијат можност да се запознаат со меѓучовечките односи и да бидат способни за поврзување.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top