Популарниот трик што го користат родителите за да ги смират изливите на бес со тоа што ќе им дадат мобилен телефон, таблет или некое слично чудо на кое можат да играат игри, само ќе го влоши нивното однесување, предупредуваат научниците. Тоа е тактика што ги спречува да научат како да управуваат со своите емоции, што само води до повеќе бес.
Во 2020 година научниците спровеле истражување во кое биле опфатени 265 деца на возраст под 5 години, а се покажало дека оние чии родители ги смирувале со електронски уреди имале многу полоша емоционална контрола по една година. Овие деца биле повеќе склони кон изливи на бес и се бореле да ги регулираат своите чувства, велат истражувачите.
Бесот не може да се излекува со дигитални уреди. Децата треба да научат како да управуваат со сопствените негативни емоции. Ако родителот постојано ги смирува со дигитални уреди, детето нема да ја усвои оваа вештина – вели д-р Вероника Конок, авторка на истражувањето од Универзитетот „Еотвос Лоранд“ во Унгарија.
Ова подоцна може да доведе до големи проблеми со регулирањето на емоциите на детето, особено проблеми со управувањето со бесот. Во текот на овој процес, нивните родители им требаат многу повеќе отколку електронски уреди, додава таа.
912