Од Здружението на информатичари велат дека сите учесници се натпреварувале на исти задачи, но резултатите се класифицирани по одделенија и класови

Повеќе од 100 ученици од шесто одделение од основното образование до четврта година од средното образование се натпреварувале на Државниот натпревар по информатика, кој се одржал на 19 март на три локации, во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци, „Семос едукација“ – Скопје и на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) – Скопје.
На натпреварот учествувале учениците кои претходно постигнале успех на регионалните натпревари.

– Поради пандемијата и запазување на протоколите, државниот натпревар по информатика и годинава се одржа без церемониите за свечено отворање, доделување дипломи во живо и сите други придружни активности – велат од Здружението на информатичари.

Оттаму додаваат дека сите учесниците се натпреварувале на исти задачи, но резултатите се класифицирани по одделенија и класови.

– Резултатите од натпреварот се на ниво на одделенија и класови, а се работеа задачи од програмирање – посочуваат од Здружението.
Потоа се прави и заедничка ранг-листа на најдобрите натпреварувачи, а првите 20 од таа листа ќе се одат и на Олимпијадата по информатика.

Натпреварот траел 165 минути, а целата понатамошна комуникација (резултати, приговори и доделување дипломи) се одвивала електронски.

Прелиминарните резултати беа објавени на mendo.mk.
Натпреварувачите имале можност да ги проверат своите решенија во делот за тренинг и да увидат каде погрешиле.
Тука може да се погледнат резултатите на учесниците на државниот натпревар по информатика за 2022 година:
http://zim.mk/index.php/natprevari/srednoobrazovanie/drzavennatprevar/2-razno/500



912

X