Членовите на семејството се првите учители на децата, а количината на изговорени зборови се разликува кај различните семејства. Така, некои деца слушаат дупло повеќе зборови од возрасните околу нив во споредба со своите врсници.
Колку повеќе разговарате со вашите деца, толку поинтелигентни ќе бидат, тврдат научниците од еден универзитет во Њујорк. Истражувачите спровеле истражување кое покажало дека секој дијалог меѓу возрасните и малите деца носи некаква корист.
Кога мама и тато секојдневно, барем еден час, квалитетно разговараат со децата, им даваат различни задачи и со нив дискутираат на конструктивен начин, тие всушност ги развиваат нивните невербални вештини, но и способноста за расудување, решавање проблеми и развој на просторното размислување.

Така, малите деца стануваат интелигентни и зрели личности, со богат речник и уште побогата имагинација.
Научниците го заклучиле следното, апелирајќи до родителите да разговараат што повеќе со своите наследници:
- Количината на зборови што возрасните ги изговараат во околината на детето позитивно влијае врз неговите когнитивни способности.
- Малите деца што комуницираат со возрасните користејќи богат и разновиден вокабулар собираат зборови и создаваат завиден речник, кој подоцна ќе го користат вешто во секојдневниот живот.
- Кога родителите ги поттикнуваат децата да истражуваат во самоизразувањето, тие го поттикнуваат нивното логичко размислување и ја намалуваат шансата за појава на анксиозност и агресија.