Воспитување

Потценети животни вештини што на децата најмногу им требаат, според експертите за родителство

Во денешниот несигурен свет старите лекции често не се доволни. Родителите се соочуваат со предизвик да знаат кои вештини ќе им бидат потребни на децата за да станат способни и емпатични возрасни личности. Според експертите за родителство, најдобриот начин да се подготват децата е преку градење поврзаност и создавање сигурно место за учење и растење.

Способност да зборуваат за своите чувства

Многу родители, особено оние што имаат машки деца, забораваат да ги научат да зборуваат за емоциите. Наместо да им велиме „смири се“, треба да ги сослушаме и да покажеме дека ги разбираме. Кога чувствуваат дека некој ги слуша, полесно наоѓаат решение.

Способност да ги именуваат емоциите

Децата што можат да ги препознаат и именуваат своите чувства подобро се контролираат. Наместо осуда, треба да покажеме разбирање: „Знам дека си лут“ или „Изгледа дека те повреди тоа“. Така градат емоционална свесност и сигурност.

Способност да донесуваат одлуки

Постојано им кажуваме што да прават, а тоа ја уништува нивната самостојност. Дајте им избор: што ќе облечат, што ќе јадат или каква активност ќе изберат. Малите одлуки градат голема самодоверба.

Способност да станат силни личности

Наместо да ги штитиме од секоја непријатност, треба да ги научиме како да се соочуваат со неа. Болката, губењето и простувањето се дел од растењето. Тие ги прават посилни и поподготвени за животот.

Способност да бидат самостојни

Кога децата сакаат сами да направат нешто, треба да ги охрабриме. Самостојноста почнува од мали нешта: облекување, средување, грижа за себе. Така децата учат дека можат, а тоа чувство останува засекогаш.

Способност да ги контролираат емоциите

Децата учат емоционална контрола од нас. Ако сведочат на расправии и агресија, се чувствуваат небезбедно. Родителите треба да покажат смиреност и здраво решавање конфликти и тоа е примерот што го следат.

Способност да се справуваат со разочарување

Не треба секогаш да им попуштаме. „Не“ е важен збор и учи на трпение и прифаќање. Кога децата ќе научат дека не секогаш ќе биде по нивно, стануваат поиздржливи и помалку разгалени.

Способност да ги прифаќаат своите ограничувања

Децата го немаат нашето животно искуство, па затоа им треба водство. Ако ги прифатиме нивните граници без осуда, им помагаме да растат во стабилни личности. Родителството е рамнотежа меѓу овозможување простор и сигурност.

Извор

Поврзани написи

To top