Има мајки што го обожаваат Божиќ, оние на кои не им текнува и оние што го сакаат и го мразат истовремено. Ви пренесуваме забавна листа со сите видови мајки за Божиќ, а вие прочитајте и одлучете кој вид најдобро ве опишува.
1. Мајка што „растура“ за време на Божиќ
Оваа мајка е паметна, организирана и способна и целосно „растура“ на Божиќ! Никогаш не купува колачи и торти бидејќи сите ги прави сама, а нејзините десерти се секогаш највкусни. Сите сакаат да бидат нејзини гости за Божиќ бидејќи знаат дека сè ќе биде совршено. Таа знае како да создаде вистинска божиќна атмосфера и нејзиниот дом е секогаш беспрекорно уреден.
2. Мајка што помислува: „Кога дојде толку брзо Божиќ?“
Оваа мајка купува подароци во последен момент и чека во долги редици на касата со сите намирници што ги купува во последен момент. Иако малку неорганизирана и иако ги остава работите за последен момент – секогаш успева да направи сè и да ги израдува сите членови на семејството.
3. Мајка што почнува да пазари за Божиќ од летото
Оваа мајка е внимателна и секогаш ја завршува својата листа со божиќни подароци пред декември. Таа уште од летото размислува за подароци, паметно пазарува на попусти и внимателно избира сè што ќе им подари на најблиските.
4. Мајка што ја обожава магијата на Божиќ
Оваа мајка е „луда“ по Божиќ. Божиќни песни, украси, светилки, украси од борови – таа едноставно го обожава Божиќ. Нејзиниот дом е вистинска божиќна земја на чудата и таа не ги симнува украсите и светилките до февруари.
5. Мајка која сè прави сама
Домот на оваа мајка е како слика од „Пинтерест“. Таа сама прави капчиња, шие, пече. Кога ќе го посетите нејзиниот дом, ќе бидете воодушевени од нејзините божиќни ракотворби и украси кои сама ги изработила. А за Божиќ, нејзините деца сигурно ќе добијат подарок што таа го направила специјално за нив.
6. Мајка што се грижи за сè и сешто
Оваа мајка работи премногу, премногу е под стрес и е премногу посветена. Таа ќе направи сè, ќе организира божиќна забава, ќе понуди да купи подароци за сите други и наместо другите и ќе остане будна по полноќ за да ги завитка сите подароци. Ќе ѝ биде понудено и да биде домаќинка на двете страни од семејството, иако е бремена и иако веќе има две мали деца. Но, и покрај стресот, таа го сака Божиќ и не би го заменила за ништо.
7. Мајка што купува онлајн
Оваа мајка е многу паметен „елф“. Таа не губи време во трговски центри затоа што веќе купила сè онлајн. Таа, исто така, не мора да плаќа поштарина затоа што беше паметна и купуваше подароци во продавници што имаат бесплатна поштарина по одредена потрошена сума.
8. Мајка што „живее“ во продавница
Се чини дека оваа мајка секогаш ја среќавате во продавниците. Таа и нејзините малечки. Не е важно во кое време од денот е, таа секогаш купува нешто, нешто на кое дополнително се сетила или нешто што целосно го заборавила. Таа секогаш ги погодува совршените подароци бидејќи добро ги „тресе“ сите продавници.
912