Со една студија направена со 7.781 близнак е потврдено дека треба да им се заблагодарите на постарите родители за тоа што сте бубалица. Со студијата е докажано дека 57% оваа карактеристика ја наследиле од постарите татковци и ова особено се однесува на машките деца.
Децата, кои биле на возраст од 12 години, биле оценувани за нивната невербална интелигенција, рестриктивното и повторувачкото однесување и социјалната незаинтересираност. Како бубалици биле оценети оние со највисок коефициент на интелигенција, поголема способност за фокус и помалку грижа за вклопување во средината.
Највисок индекс на бубалица имале децата чии татковци биле постари од 35 години кога биле зачнати. Машките деца чии татковци биле постари од 50 години при зачнувањето имале за 32% повеќе шанси за високи резултати на СТЕМ-испитите отколку оние чии таткови биле под 25 во тој период.
Сепак, ова не е случај со девојките.
Претходни студии ги поврзувале менталните болести, како аутизам и шизофренија, со постарите родители. Магдалена Јанечка, која учествувала во студијата, вели дека е големо олеснување да се знае дека карактеристиката „бубалици“ е наследна. Причина за ова се мутации на семениот материјал на постарите татковци.
912