Воспитување

Последно породилно родителите добиле на 16 април. Исплата ќе има во најкраток можен рок, велат од МТСП

Последната исплата на надоместокот на породилно отсуство била на 16 април, информираат од Министерство за труд и социјална политика – МТСП. За исплатата на надоместок на плата поради бременост прашавме по реакции на родители кои го користат и велат дека во периодов доцни.

-Последната исплата на правото на надоместок на плата поради бременост, раѓање и мајчинство е направена на 16 април, врз основа на доставена фактура од Фондот за здравствено осигурување. Фактурата за исплатата за овој месец и доставена вчера и постапката за исплата ќе биде реализирана во најкраток можен рок – велат од МТСП.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top