Игротека

Породилното отсуство не е одмор, мајка визуелно го докажува тоа

Кристен Кунео, мајка од Сан Франциско има неверојатен одговор за сите мајки што ќе го добијат прашањето дали уживале во нивниот одмор, мислејќи на нивното породилно отсуство. Таа направи визуализација на податоци што прикажува секојпат кога доела, хранела и менувала пелени на детето.

Сопругот на Кунео, Мајкл Дибенињо, ја објави визуализацијата, претставена во видео на неговиот тик-ток профил. Видеото за брзо време стана вирално.

Породилното отсуство не е одмор

– Постојано слушаме дека како родител никогаш не спиете, но тешко е да се разбере како навистина се чувствувате – изјави Дибенињо.

Дибенињо вели дека точките за податоци помагаат да се прикаже тоа.

Watch on TikTok

– Го гледате тој континуиран, бескраен циклус на секојдневие, рутински труд на сите овие работи што се само неопходни – вели тој.

На видеото можете да видите дека податоците на Кунео во основа оживуваат. Целата работа што таа ја направи на нејзиниот „одмор“ е прикажана на екранот. Презентацијата е многу ефикасна за да покаже колку работа има новата мајка.

– Објективно, тоа е многу, и за секоја точка на податоци беше потребно време, почнувајќи од пет минути за промена на пелена до 30 минути за хранење, во просек. А сето тоа се случува 24 часа на ден – објаснува Кунео. Таа вели дека е „благодарна“ што нејзината визуализација може да им помогне на другите мајки „да се чувствуваат видени и слушнати“.

Watch on TikTok

– Одговорот што го добивме беше вџашувачки. Толку многу луѓе го имаат ова искуство, без разлика дали моментално воспитувате дете или можеби сте го правеле тоа пред 20 години – објаснува Кунео.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top