Воспитување

Поранешна шефица на ИБМ: Ова го правеше мајка ми за да воспита успешни луѓе

Кога би ја прашале мајката на Џина Ромети како успеала да воспита четири моќни извршни директори, одговорот би бил прилично едноставен.

-Посебната лекција на нашата мајка која ни помогна да пораснеме во успешни возрасни е: „Никогаш не дозволувај некој друг да дефинира кој си ти“, вели Ромети, поранешна извршна директорка на компанијата ИБМ.

Ромети има сестра, Дарлин, која извршна директорка на компанија за производство на храна, како и сестра Анет Рипер, која работела како директорка во консултантска фирма до нејзиното пензионирање минатата година. Има и брат, Џо Никозија, кој работи како службеник за трговски операции.

Семејството живеело прилично нормален живот. Тоа се променило кога Ромети имала 15 години, кога нејзиниот татко си заминал.

„Нѐ остави без ништо: без дом, без храна, без пари“, се сеќава таа.

Семејството било принудено да се пресели и да живее со бонови за храна и државна помош. Мајката на крајот успеала да најде работа во локалната болница, а Ромети се сеќава како никогаш не дозволила нејзините околности да ја дефинираат како жртва.

Како проблемите ги довеле до успех

Искуството на нивната мајка ги поттикнало Џина, нејзината сестра и брат да работат напорно, помалку да се жалат и постојано да бараат решенија.

„Мајка ми не ги избираше ситуациите во кои се наоѓавме, но знаевме да ги искористиме максимално и да ја поставиме скалата високо“, истакнала Џина.

Секој се соочува со препреки, а начинот на кој ќе реагирате на нив одредува колку ќе бидете успешни, вели социологот Кристин Картер.

„Нашиот успех и среќа зависат од способноста не само да се справиме со нив, туку и да растеме и да се развиваме поради нив“, напишала Картер уште во 2013 година.

Ромети се согласува: надминувањето на неволјите ја научило да биде пооптимистична и напредна.

„Потоа ништо не ми изгледаше лошо. Секогаш имав чувство дека по тоа што го поминавме, нема лош крај“, заклучила таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top