Откако ја искусила болката од 14 спонтани абортуси, поранешната мис на светот Росана Дејвисон изјавила дека блеска од среќа бидејќи родила близнаци. За разлика од другите познати личности, таа не ги криела своите синови од јавноста. Споделила прекрасна фотографија по нејзиното породување. Тие пристигнале на светот само неколку дена пред ќеркичката Софија да наполни 1 година.
Росана (37) истакнала дека со сопругот се пресреќни. На „Инстаграм“ споделила моменти од семејството и напишала:
„Нашите прекрасни и идентични близнаци, Хуго и Оскар, пристигнаа безбедно на светот, а нашите срца се преполни со љубов. Станавме семејство од 5 члена и сите наши соништа се исполнија. Многу сме му благодарни на тимот во болницата.“
Таа помина долг пат, со оглед на тоа дека претходно имала 14 спонтани абортуси. Со сопругот со години се обидувале да основаат семејство, но секој обид завршувал со разочарување. Таа рекла дека во еден момент дури и ја ставила под знак прашалник својата улога како жена.
Секојпат кога била прашана кога ќе основа семејство, се чувствувала како да „умира однатре“, бидејќи многу се мачела со целиот процес. Постепено, поминувајќи низ серија инвазивни тестирања со специјалисти за оплодување, ѝ била дијагностицирана автоимуна состојба. Нејзиниот лекар ја советувал сурогат мајчинство. Така таа потоа ја добила ќерката Софија во болница во Украина во 2019 година, а изјавила дека тоа што добила бебе за неа било нереално, емоционално и неверојатно искуство. Потоа во јули открила дека таа и сопругот природно зачнале.
„Нашиот дом е наместен за бебиња бидејќи сè уште сме во таква состојба и со Софија, па нема да има многу приспособувања во таа смисла и со близнаците“.
Таа додала дека се надева оти нивната неверојатна приказна ќе им понуди малку надеж на паровите што се мачат да основаат семејство.
Автор: Мелани Фин и Киара О’Лохлин