Сара Брегел е писателка, блогерка, инструкторка по јога и мајка. Таа го родила своето прво дете во 2010 година и сфатила дека никој не сака постојано да зборува за породувањето, за бебињата и за неуредниот живот на родителите. Оттогаш, таа опширно пишува и ги споделува своите искуства.
Сара сега има две деца, четиригодишно девојче и момче, а решила да ѝ напише писмо на својата пријателка која го чека своето второ дете.
Кои се разликите помеѓу првото и второто исчекување?
Таа ги опишала прашањата што си ги поставуваат мајките и нејзиното искуство во отворено писмо.
Второто бебе може да биде сосема различно од првото
Без разлика дали станува збор за спиење, навики за јадење или општо однесување, обидете се да не размислувате какво ќе биде второто дете и дали ќе се однесува како првото дете. Она што го направивте за детето број еден можеби нема да функционира со детето број два. Вдишете длабоко и обидете се да заборавите како се однесувавте со вашето прво дете. Ако сте како мене, можеби веќе сте заборавиле што се случува поради вашите постојани родителски грижи. Списокот со работи што треба да ги правите со новороденчето ќе ви се врати многу брзо, но и онака нема да биде релевантен за другото дете, па можете веднаш да го фрлите.
На бебето ќе му требаат различни работи отколку вам
Веќе си мајка неколку години и имаш искуство, но да се биде мајка по втор пат некако те прави поинаква мајка. Начинот на кој му требате на секое од вашите деца е сосема уникатен поради неговата личност и тоа нема да се промени како што поминува времето. Треба да бидете мајка која одговара на секое од вашите деца според неговата индивидуалност. Ќе треба да бидете пофлексибилни, но всушност ќе откриете дека веќе сте она што им треба.
Ќе спиете помалку
Не сакам да ве плашам, но ќе изгубите дел од сонот. Се надеваме дека ќе имате дете кое е вистински мал спанко – секако дека го заслужувате тоа, но во реалноста, повеќето луѓе немаат такво дете. Имате и големо дете за кое треба да се грижите, па ќе бидете прилично уморни некое време.
Постарото дете ќе ви изгледа навистина големо
И токму така, вашето постаро дете (кое не е толку старо) ќе ви изгледа како голема, возрасна личност. Кога стана толку големо и способно? Тоа практично може да се грижи за себе и за бебето број два. Всушност, не може, но одеднаш изгледа зрело. Може да трча и да врши нужда во нокшир, спие и повеќе од 22 минути и може да седи пред телевизорот кој добро ќе му се најде во првите луди денови кога ќе пристигне новороденчето.
Првото дете може да почне да бара повеќе
Ако се открие дека второто бебе бара повеќе грижа (сосема нормално за новороденче), вашето постаро дете може да ја покаже својата понапорна страна. Тоа се случува. Ќе ги почувствувате неговите потреби како поголеми затоа што има многу повеќе емоции да покаже од малото новороденче. За среќа, можете и да го гушкате вашето дете додека го храните бебето. Можете да го натерате да се чувствува како посебно големо момче или девојче, поради неговата/нејзината помош и посебно знаење како постар брат/сестра. Можеби ќе му треба малку време да се приспособи на тоа да има брат или сестра, но често потсетувајте го дека има посебни вештини.
Ќе ви треба помош од друга личност
Не грижете се. Сериозно, нема проблем ако побарате помош, иако можеби се спротивставувате. Научени сме да не го правиме тоа затоа што мислиме дека можеме сè да постигнеме сами, но не треба. Ако ви треба нешто – еден час сон, некој да ви ги измие садовите или само еден час одмор со кафе, тоа е сосема во ред. Понекогаш нема да можете сè да завршите, но не морате.
Ќе треба да се вооружите со дополнително трпение
Велат трпението е голема доблест. Тоа е точно, но не е секогаш лесно. Кога се чувствувате како единствената жена која го води целото шоу, понекогаш мора да навлезете длабоко во себе за да ги најдете последните парчиња трпение. Но, трпението е таму. Иако понекогаш е тешко да се најде во себе. Продолжете да барате и ќе ви биде многу полесно.

Ќе ве исполнува кога ќе видите колку се сакаат вашите деца
Ова беше моето најголемо и најпријатно изненадување откако повторно станав мајка. Не очекував дека ќе бидам толку среќна што ќе имам деца кои толку многу се сакаат (поголемиот дел од времето). Се разбира, понекогаш не се синхронизирани. Понекогаш големиот е премногу груб или малиот е премногу чувствителен. Но, најчесто вашите деца ќе се сакаат толку многу и толку гласно што ќе биде прекрасно да се гледа тоа.
Сè ќе направите одлично
Веќе сте неверојатна мајка на едно среќно дете. Второто дете секако е среќно исто како вас. Повторно ќе бидете мајка и повторно ќе поминете низ сè, а тоа ќе биде исто толку предизвикувачко, чудесно и исполнето со љубов како и првиот пат. Прегрнете ги децата цврсто и запомнете, можете да го направите тоа – вели Сара Брегел.
912