Uncategorized

Пораката на една бабица сите нови мајки би требало да ја закачат на влезната врата

Една мајка објавила фотографија на социјалните мрежи која ја покажува пораката од нејзината бабица, која ѝ предложила да ја закачи на влезната врата по породувањето. На неа напишала: „Бабиците ме советуваа да го закачам ова на влезната врата откако се породив дома – одличен совет кој вреди за секое породување!“

Деталната листа опишува што посетителите би смееле, а што не да прават, а нагласува колку новите мајки и татковци се уморни и колку одмор и поддршка им е потребна откако бебето ќе се роди. Пораката им се обраќа на гостите, па меѓу другото ги моли:

– Да ја понесат својата љубов и добрите желби, но деталите од реалниот свет да ги остават надвор, како бактериите, односно да си ги измијат рацете.

– Својата посета да ја ограничат на 15 минути, бидејќи дури и семејството и пријателите може да одземат корисно време и енергија кои на родителите им се многу потребни.

– Прво да ги поздрават браќата и сестрите, па потоа да ги замолат да им го покажат новото бебе.

– Да им помогнат на родителите околу другите деца во домот, ако ги има, па да ги забавуваат за мајката да не остане сама и со бебето и децата на самиот почеток.

– Да направат нешто корисно на одење, како миење садови, чистење подови или фрлање ѓубре.

– Ако нивната посета не е од животна важност, нека се најават со порака или повик.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top