Игротека

Порака на татко, претседател на компанија: „Не морам да се извинувам затоа што сум родител“

Ијан Сон испрати силна порака на сите луѓе на „Линкдин“, со која покажа дека сите сме луѓе и имаме право на свои животи надвор од работата.

Ијан Сон е претседател на компанијата „Вондермен Чикаго“ од Њујорк. Покрај тоа, тој е разведен татко кој не сака да оди на работни патувања во деновите кога децата се кај него.

Според неговите зборови, и другите не треба да патуваат.

– Не морам да знам дека ќе бидете онлајн по вечерата. Не морам да знам зошто сте избрале да ја гледате серијата, наместо да одговарате на мејлови. Не морам да знам дека доцните поради закажаниот преглед на стоматолог. Или ако излезете порано поради натпреварот на вашето дете. Не морам да знам зошто не можете да одите на бизнис патување – пишува тој.

– Се чувствувам како да мораме да се извинуваме што имаме животи – пишува тој.

По многуте патувања во последно време, Сон, кој истовремено е и родител на момчиња од 8 и 12 години, напиша дека овој пост е потсетник за самиот себеси повеќе да се грижи за себе во сето тоа лудило.

Излегува дека тој не е единствениот што има потреба од ваков потсетник. Оваа објава била споделена на „Линкдин“ преку 16.000 пати, а добила и голем број коментари.

Сон зборуваше и за неговото раното родителство, кога се чувствувал многу анксиозно поради балансирањето меѓу татковството и кариерата. Основната лекција што ја научил низ годините е: „Не морам да се извинувам поради тоа што сум родител“.

– Деновите кога моите деца се кај мене морам да излезам порано од работа. Тие денови не можам да бидам во друг град – вели Сон.

Мерибет Феранте, советник за кариера, истакнува дека оваа порака вработените мораат да ја слушнат. Таа им помага на вработените мајки да одржуваат баланс.

– Денес се очекува да си достапен кога ќе му си потребен некому. Тоа мора да се промени и тоа не само за оние кои се родители. На сите нас ни е потребен простор да бидеме луѓе и да имаме свои животи. Во ред е ако не го проверувате мејлот секоја вечер и ако на работите цел ден – вели таа.

Иако и на мајките и на татковците им е комплицирано да се борат со сето ова, мажите кои излегуваат порано од работа поради натпреварот на нивното дете се прекрасни татковци, за разлика од жените кои не се третираат на таков начин.

Промената треба да биде за секој вработен.

– Овде не станува збор само за родителите, туку и за начинот на кој ги почитуваме и цениме другите луѓе. Флексибилноста на работното место би требало да биде универзална, а не само во сегменти, не само за вработените родители и не само во текот на првата година од животот – вели Мерибет.

Доколку секоја компанија и организација има лидер кој би бил пример за флексибилност, кој отворено би одговарал за животот и би ги охрабрувал луѓето како Сон, Феранте вели дека тогаш на луѓето би им се дала можност на работа да бидат автентични.

Сон во својот пост го завршува со реченица упатена кон вработените: – Не сакам да се чувствувате лошо бидејќи сте живи суштества.

Поврзани написи

To top